3.8 C
Скопје
17:25 - 24 ноември, 2024

Пресмешна реторика на Али А. или, бабо, „јас сакам да бидам премиер“!

Го забележавте ли тој радикален пресврт на Али Ахмети и ДУИ, го забележувате ли тој феномен што се отсликува во метафората „јас ќе бидам премиер“? Ја забележувате ли таа стилска фигура која треба да ни предизвика одбојност, одвратност, можеби и гадење (?), затоа што длабоко во себе знаете дека „картата на национализам“, барем засега, е поништена и избришана во оваа земја. Знаете дека повеќе не е возможно со националистички призвук да се мобилизира членство и да се подгреваат најсомнителните етнички страсти во едно општество. Мислам, може, брате, кој ти брани, ама тоа не е својствено за земја што треба да создава мир и добрососедство и да си го трасира својот пат кон Европа.

Што сака да ни каже Ахмети со „јас ќе бидам премиер“: граѓаните да бидат спокојни, ја кренавме на повисоко ниво борбената готовност? Па со таква глупава реторика ти не можеш ништо друго да предизвикаш, освен да ги вознемириш граѓаните, оти кога се подигнува реториката, кога се ловат гласови на етничност како посебен ентитет, во случајот со Ахмети (затоа што не постои „неетнички национализам“! – национализмот секогаш имплицитно е етнички), пристоен човек сфаќа дека нешто сериозно не е во ред.

Од друга страна, ти со таа глупава метафора сакаш да кажеш дека Македонците не се фер, не се другари, баш се безобразни, не ми даваат да бидам премиер, а јас сакам-па-сакам. Па уште вели, ќе бил премиер на сите граѓани, така вели Ахмети, раката да ми се исуши ако лажам. Пресмешно и прелудо.

Мислам, луѓе драги, оваа изјава на Ахмети е страшно скандалозна, претенциозна, одвратна. А малку буди и цинична насмевка. Ахмети ја води нарацијата на изјавата која го разбира тоа ниво… Артан Груби, пак, ја држи фронталната линија на изјавата, веројатно тој човек е гуру на Ахмети или што, веројатно така процениле дека тој е најпаметниот меѓу нив? Сигурно си велат, добро, името го реши Заев, нѐ внесе во НАТО, па сега што ни остана „време е за албански премиер“!?

Обидете се сега, почитувани читатели, да ја сведете оваа нарација „јас сакам да бидам премиер“ на ниво на обичен граѓанин? Па таквиот ќе се „тресне“ во првата бандера, а од таквиот удар никогаш повеќе нема да закрепне.

Видете, јас не знам дали тој човек со име Али Ахмети верува дека може да биде премиер, или можеби верува дека верува, таа дихотомија веројатно никогаш нема да ја откриеме, ама би сакал да ве насочам на еден детаљ: ДУИ е лажна проевропска партија, барем од досегашното искуство, и тука човек може да изнесе милион аргументи. Затоа што, гледајте, да одиме од „идејната аргументација“: ДУИ е лажна проевропска партија затоа што секогаш кокетира со центарот и крајното десно, таа не може да има добар вредносен и проевропски став, што од друга страна, факт е, и тоа дека просторот (или монополот?) на Албанците не го држи повеќе ДУИ и Ахмети, туку се појавуваат и други играчи од што-ти-ја-знам, Биљал Касами и Зијадин Села.

Албанците, а тоа е фер да се каже, како и другите граѓани на оваа земја, се во голем проблем, пред сѐ, егзистенцијален. И сфаќаат и Албанците, без разлика што некои ги претставуваат за „дежурни плашила“, а таквите струи се оние што циркулираат околу ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети не може да ги испорача нивните надежи, барања, стравови. И ова го мислам потполно човечки, не мислам на никакви „вековни соништа на Албанците“ или слични будалштини, туку мислам токму обратно: надеж, живот и релативно пристојна иднина, ако тоа е возможно на овие простори. Значи дека и граѓаните Албанци, како и сите граѓани на оваа земја, имаа свои надежи, барања и стравови. Па, ако имаат, не веруваат дека Али Ахмети и ДУИ се нивната адреса за нивните проблеми.

Јас мислам и друго, ако оваа закана на Ахмети, пак, е упатена експлицитно и имплицитно до Заев, тогаш не гледам зошто не е време да се напушти коалицијата со ДУИ, бидејќи начинот и реториката не води никаде. Не само што не води никаде, туку таму апсолутно нема никаква политика. Зарем некој може да мисли дека од ДУИ може да излезе памет, енергичност, срце, визија? Јас воопшто не ги гледам тие луѓе дали се Албанци, Бугари, Египќани или се од планетата „Тутонплок“, ама памет, брзина, срце и визија од Али Ахмети? Добар виц, мора да признаете!

Единствен суверен и легитимен премиер во оваа земја може да биде Заев, и околу тоа не мислам ниту навивачки, ниту пристрасно, туку чисто објективно и фактички. Оти знаете како, на крајот во политиката се гледа што си постигнал, колку проблеми си решил од тоа што некои други ти оставиле во наследство. Па „фино-лепо“ ќе „извагаш“, ќе споредиш и ќе се одредуваш. Единствениот премиер може да биде само еден, а тоа е оној што ќе добие мнозинство во Собранието од една страна, а од друга страна, премиер (или мандатар за нова влада) ќе биде оној што има поддршка од Запад и од Брисел. Јас тука гледам еден човек што го има сѐ ова погоре, а Али Ахмети го нема ниту во наводници.

The post Пресмешна реторика на Али А. или, бабо, „јас сакам да бидам премиер“! appeared first on Слободен печат.


Пресмешна реторика на Али А. или, бабо, „јас сакам да бидам премиер“! was first posted on јуни 13, 2020 at 12:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....