2.8 C
Скопје
02:44 - 23 ноември, 2024

Преку лажен маил граѓаните се повикуваат да прават тест за Ковид-19

На личните и службени маилови наши сограѓани добиваат маил во кој се известуваат дека биле во контакт со некој кој е заболен од ковид-19. Мејлот наводно е потпишан од Министерството за здравство, но паѓа во очи дека се испраќа од друга адреса, а вирусот, наместо ковид, на едно место се нарекува ховид.

„Почитуван примател. Мојот колега ве контактираше порано, но немаше одговор од вас. Претходно, минатата недела имаше три потврдени случаи на ХОВИД-19 во вашата област и еден од пациентите ве наведе како еден од нејзините физички контакти во последните 14 дена. Во согласност со модалитетите на контактните траги и законите на кои работиме во Министерството за здравство на Македонија, препорачуваме да поднесете тест за COVID-19. Потребните детали за вашето назначување во Министерството за здравство на Македонија се содржани во приложената форма. Прочитајте ги упатствата правилно и проверете дали сте тестирани, бидејќи неуспехот на тоа ќе резултира во апсење и гонење.Ако имате какви било прашања во врска со оваа е-пошта, слободно контактирајте ме во секое време“, се вели во пораката која се испраќа.

Од Министерството за здравство информираат дека овие електронски пораки со невистината содржина се испратени од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство.

„Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи кој веќе постапува за овој случај. Упатуваме апел до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација. Ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Официјалната електронска адреса на ресорното Министерство е [email protected].

Информатичарите велат дека неточната маил адреса треба да биде прв знак дека станува збор за лажен маил кој не треба да се отвара, туку директно да се избрише. Овие маилови може да бидат опасни за податоците во компјутерот, односно да доведат до нивно уништување или до енкрипција на сите податоци и потоа тој што го праќа да бара да му се плати за да може да се вратат податоците.

Од Министерството за внатрешни работи во одговор на новинарско прашање објаснуваат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика започнувајќи од почетокот на месец март се фокусира на следење интернет содржини на социјалните мрежи и интернет портали во рамките на своите надлежности со цел детектирање говор на омраза, загрозување на сигурност и повикување на насилство, ширење на лажни вести со цел предизвикување на паника во врска со ширење на вирусот Ковид-19, при што се прават анализи дали постојат елементи од членовите 205 и член 206 од Кривичникот законик. Од Секторот за компјутерски криминал до Основното Јавно обвинителство поднесени се три кривични пријави од кои две кривични пријави по чл.144 ст.4 и една кривична пријава по чл.394-г и чл.144 ст.4 како и 31 известувања.

 

The post Преку лажен маил граѓаните се повикуваат да прават тест за Ковид-19 appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....