02:30 - 20 ноември, 2024

Предлогот со заменици министри до крајот на неделата во Собранието

Деновиве треба да биде познат составот на собраниските комисии. Се прават подготовки за седницата на која ќе бидат избрани, а до крајот на месецот ќе бидат именувани и раководните лица на сите институции под надлежност на извршната власт. Замениците министри, според најавите, треба да бидат познати до крајот на оваа недела.

-Се прават подготовки за новата седница на која ќе се изберат собраниските комисии. Не гледам никаков проблем и мислам дека тоа ќе се реши деновиве, изјави вчера пратеникот Изет Меџити од ДУИ.

Одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето на наградите „8 Септември”, Меџити рече дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат со по осум собраниски комисии, ДУИ со три, а Алијанса на Албанците и Алтернатива со две.

– По дифолт, претседателот на Собранието ќе раководи со Уставната комисија. ДУИ ќе раководи и со Комисијата за здравство, а дилемата е дали ќе раководи и со Комисијата за европски прашања или со Комисијата за образование, посочи Меџити.

Премиерот Заев, во одговор на новинарско прашање, најави дека до крајот на септември ќе бидат именувани раководните лица на сите институции под надлежност на извршната власт, а до крајот на  неделата има намера да ги достави до Собранието и предлозите за заменици-министри.

– Сакам после празникот, најдоцна до крајот на неделата, да ги доставам предлозите до Парламентот, а понатаму тој ќе одлучи кога ќе ја закаже седницата. Веќе почнуваме заедно со министрите да ги утврдуваме и државните секретари бидејќи тоа е спефицична област каде има посебни законски услови. Верувам дека до крајот на септември ќе ги поставиме или ќе ги обновиме со раководни позиции сите институции кои се директно под извршната власт, изјави вчера Заев.

Рече дека мнозинството во Парламентот е стабилно и оти со добри политики и дијалог очекува тоа само да расте, а никако да опаѓа. На дел од пратениците, како што најави, планира да им понуди раководни места во државата.

–  Верувам дека во следните неколку дена, Собранието ќе направи верификација на мандатот на следниот пратеник на листата по Јагода Шапхапска за оформената коалиција од 62 пратеника да ја потврдиме комплентно. Имам намера на дел од пратениците кои се избрани да им понудам раководни места во државата така што контиунирано согласно законот следните пратеници на листата ќе влезат во Парламентот, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања. 

The post Предлогот со заменици министри до крајот на неделата во Собранието appeared first on Слободен печат.


Предлогот со заменици министри до крајот на неделата во Собранието was first posted on септември 9, 2020 at 7:19 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....