21:47 - 22 декември, 2024

Пратениците или ќе бидат кираџии или сами ќе си го плаќаат превозот

Секој пратеник што не живее во Скопје ќе добие на располагање стан од најмногу педесет квадратни метри во близина на Собранието, опремен наједноставно, со основни услови за живот за да може да живее во него додека ја обавува пратеничката функција. Бидејќи ќе добие стан, нему веќе нема да му следуваат пари за патни трошоци. Ако одбие да го користи станот даден на располагање, тогаш самиот пратеник ќе мора да си ги плаќа трошоците за бензин, патарини и одржување на возилото од местото на живеење надвор од главниот град до Собранието и назад.

Вака ќе изгледа мерката на СДСМ во изборната програма.

– Кога ќе обезбедиме парламентарно мнозинство, ова ќе биде првата мерка што ќе ја гласаме во Собранието. Ова ќе биде прва точка на дневен ред – вели за „Слободен печат“ висок функционер во партијата.

Според него, мерката е правена по шведски модел, земја во која пратениците немаат големи привилегии како нашите. Шведските парламентарци живеат во гарсониери во главниот град, облеката ја перат и пеглаат во јавни пералници, се возат со воз за на работа, а ако се осмелат да влезат во такси наместо да го користат јавниот превоз, завршуваат на насловните страници. Во македонскиот случај, не се оди до крај како во шведскиот модел, ама се копира делот околу местото во кое ќе живее пратеникот, за да се заштеди на извиканите суми за патни трошоци кои во минатото законски и легално, ги добиваа пратениците.

Поставивме прашање до ВМРО-ДПМНЕ дали би ја поддржале мерката предложена од СДСМ за укинување на патните трошоци за пратениците.

– По три години хибриден режим и посветеност само кон рекет и корупцијата, се што сега изустува Зоран Заев и СДСМ е старонова лага и манипулација во обид да се намали изборниот пораз – рече портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

Патните трошоци го „гореле“ буџетот

Анализата на Државната комисија за спречување на корупцијата, неодамна покажа дека во периодот од 2015 до 2019 година, за доаѓање и враќање од работа на пратениците им се исплатени вкупно 2.895.605 евра. Во 2015 година исплатени им биле 770 илјади евра, во 2016 вкупно 698.000 евра, во 2017 година 512 илјади евра, во 2018 година 522 илјади евра, а во 2019 година износот опаднал на 390 илјади евра.

„Од наведените податоци се гледа дека исплатата на надоместокот за патни трошоци на пратениците за доаѓање и враќање од работа од 2015 до 2019 година, се намалува. Во 2016 година, споредено со 2015 година трошоците се намалени за 10 проценти, во 2017 година се намалени за 50 проценти, а во 2018 се намалени за 47 проценти споредено со 2015 година“ – се вели во анализата на ДКСК.

Правото на надоместок за користење автомобил во лична сопственост за доаѓање и враќање од работа во 2015 година го користеле 90 пратеници, во 2016 година 88 пратеници, во 2017 година 86 пратеници, во 2018 76 пратеници и во 2019 година 75 пратеници.

АНКЕТА: Верувате ли дека пратениците ќе си ги укинат патните трошоци? Еве што одговорија скопјани

The post Пратениците или ќе бидат кираџии или сами ќе си го плаќаат превозот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....