Познатиот француски доктор Дидије Раулт не верува дека епидемијата на коронавирусот ќе има втор бран.
„Епидемијата го имаше својот пик, опаѓа и тоа опаѓање ќе продолжи“, тврди Раулт.
Тој вели дека тоа се отсликува во кривата во облик на ѕвоно и дека тоа се случува во најголем број случаи кога станува збор за вирусни епидемии. Францускиот професор истакнува дека поголем дел од овие зарази наеднаш се појавуваат и исто така исчезнуваат, а не се знае причината.
– Приказната за повторен скок е фантазија измислена на основа на шпанскиот грип кој со ова нема никаква врска, рекол директорот на Медитеранската инфективната клиника во Марсеј.
Тој предупредил дека сепак треба да постои внимателност бидејќи тој не може да предвидува работи, но додаде дека датумот 11 мај кој Франција го предвиде за почеток на укинување на изолацијата не е чуден. Се надоврзал на истражување на математичари од Сингапур кои ја пресметале кривата која во сите земји опаѓа.
– Во Франција на основа на ова истражување ќе има 97 отсто случаи на 7 мај, а 99 отсто на 19 мај, истакнал Раулт.
Тој исто така нагласил дека по излегувањето од општиот карантин треба да се изолираат само позитивните случаи, но и додаде дека пренесувањето на вирусот ќе биде многу послабо отколку до сега.
The post Познатиот француски доктор со добри вести за коронавирусот: Нема да има втор бран, тоа е фантазија (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.