21.8 C
Скопје
18:17 - 24 април, 2024

Повеќето Британци, Французи и Германци нема да одат на одмор ако маските и тестирањето се задолжителни

Најмалку половина од германските, британските и француските туристи попрво би го откажале патувањето отколку да мора да одат во самоизолација по враќањето во земјата, да се тестираат на дестинацијата или да носат маска на отворено, покажува новото истражување.

Ова истражување е спроведено од компанијата за истражување на јавно мислење YouGov во периодот од 13. до 23. јули.

Податоците од истражувањето покажуваат дека две третини од Германците, кои вообичаено патуваат надвор од земјата за годишните одмори, би го откаже патувањето ако е потребно да покажат резултати од тест на ковид-19 по доаѓањето на избраната дестинација.

Германија од оваа недела наметна задолжително тестирање на коронавирус за патниците од 130 земји.

Половина од анкетираните Французи, кои инаку летуваат надвор од земјата, рекоа дека попрво би го откажале патувањето отколку да се тестираат од коронавирус.

Исто толкав број би ги откажале патувањето ако на одмор треба да носат маска на отворено.

Франција минатата сабота воведе тестирање по доаѓањето во земјата за патниците од 12 земји.

Различни правила за маските

Повеќе од две третини од испитаниците од други земји – Данска, Шведска, Германија и Велика Британија – наведуваат дека не би толерирале задолжително носење на маски на отворено.

Носењето маски на отворено е воведено ширум Шпанија во текот на јули.

Португалскиот остров Мадеира, исто така викендов наметна обврска за носење маски.

Дури и обврската за носење маски во затворен простор би одвратила две третини од Данците и Швеѓаните од патувања, покажува истражувањето, додека во тој случај од патувања би се откажале повеќе од 40 отсто од Британците и половина од Германците.

Шведска не наметна задолжително носење маска.

Обврската за самоизолација по враќањето е уште понепопуларна за повеќе од 80 отсто од Данците, Швеѓаните и Германците наведуваат дека би го откажале патувањето во тој случај.

Седумдесет отсто од Британците, кои мораат во двонеделен карантин во враќањто од повеќето земји, вклучувајќи ја и Шпанија и Португалија, би го откажале своето патување ако е потребно да одат во самоизолација, како и 65 отсто Французи.

 

The post Повеќето Британци, Французи и Германци нема да одат на одмор ако маските и тестирањето се задолжителни appeared first on Слободен печат.


Повеќето Британци, Французи и Германци нема да одат на одмор ако маските и тестирањето се задолжителни was first posted on август 3, 2020 at 6:10 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....