8.8 C
Скопје
04:04 - 24 април, 2024

Голем пожар се шири низ Калифорнија, над 2000 пожарникари се борат со огнената стихија (ВИДЕО)

Пожарот наречен Епл Фајр, кој се распламти во петокот во Калифорнија, а кој досега се ширеше во округот Риверсајд и Сан Бернардино, уништи најмалку 20.516 хекари. Досега пожарникарите успешно ставија под контрола само 5 отсто од огнената стихија.

Имено, постојат неколку хектари кои на пожарникарите им ја отежнуваат борбата со пожарот, а најголемиот проблем е конфигурацијата на теренот, јави Си Ен Ен.

-Се работи за исклучително стрмен и нерамен терен, рече Лиса Кокс, портпарол на Националниот парк Сан Бернардино.

Пожарот го гасат повеќе од 2000 пожарникари

„Имаме многу предели кои создаваат различни струења на ветерот па затоа е тешко да се предвиди текот на пожарот. Покрај тоа имаме и густи грмушки, вклучувајќи и чапарал кој лесно гори“, објасни тоа.

„Со тоа во воздух се крева големо количество чад и пепел и се создава голем облак кој се шири во сите насоки околу огнот“, додаде таа.

Да потсетиме, близу 1000 жители на округот Риверсајд во Калифорнија мораше во саботата да ги напуштат своите домови поради неконтролирано ширење на пожарот Епл Фајр.

Во неделата пожарот го гасеа 2.266 пожарникари и 9 хеликоптери.

 

The post Голем пожар се шири низ Калифорнија, над 2000 пожарникари се борат со огнената стихија (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Голем пожар се шири низ Калифорнија, над 2000 пожарникари се борат со огнената стихија (ВИДЕО) was first posted on август 3, 2020 at 7:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....