12.8 C
Скопје
12:27 - 20 ноември, 2024

Потресни сведоштва од Бејрут: „Видов војна, снимав војна, ова е апокалипса“(ФОТО+ВИДЕО)

„Видов војна. Снимав војна. 2006 година патував на југот на Либан за лично да видам што се случува (војната со Израел). Тогап требаа 30 дена за да се дојде до такви разорувања. А овде имавме само една единствена експлозија“, го пренесува Дер Шпигел сведоштвото на Филипе Арактинги, филмски режисер.

Бејрут денеска по експлозијата изгледа како во него со години да се војувало. Делови од градот покрај градското пристаниште се покриени со прашина и остатоци од арматура.

Огромна трагедија: Во експлозијата во Бејрут загинаа над 100 лица, а повредени се повеќе од 4.000 (ГАЛЕРИЈА)

Од големите комплекси згради останаа само урнатините, а преживеаните ги прераскажуваат своите фрапантни сведоштва.

Џоел Шамун, жена од Либан која ја преживеа експлозијата, раскажа што се случувало во нејзинот стан, оддалечен од пристаништетото и центарот на експлозијата.

„Бевме дома и слушнавме нешто како огномет. Мислевме дека се запали некој контејнер во пристаништето и не успеале да го изгаснат. Неколку секунди потоа летнавме во воздух“.

СТРАОТНИ СНИМКИ ОД БЕЈРУТ, небото се затемни, луѓето преплашени: Најмалку 30 загинати и повеќе од 500 повредени (ВИДЕО)

Карл Дагер повреден го донесле во болница и тука го пречекала ужасна глетка.

„Видов човек на кого му беше откината ногата. Видов дека кое беше само и кое ги бараше родителите. Па помисив: ‘Мојата повреда е помала, болницата мора да се погрижи за потешко болните’, се присетува Дагер кој потоа се вратил дома, ги покрил раните со преврска од кутијата за права помош за да може болничка помош да добијат оние на кои навистина им била потребна.

Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER

Во болницата Свети Јурај, оддалечен километар од пристаништето, исто така глетката е стравична. Последиците биле погубни.

„Имаше многу жртви. Изгубивме четири медицински сести и неколку пациенти и посетители“, изјави Џорџ Саад, портпарол на болницата Свети Јурај.

„Имавме околу 200 повредени“.

Си Ен Ен го пренесе сведоштвото на Бахар Гатас за хаосот, кој го опиша „нешто како апокалипса“.

„Ранети може да ги видите насекаде низ улиците на Бејрут, скршени стакла насекаде, искршени автомобили, како апокалипса“, рече тој.

Според него состојбата е „многу, многу загрижувачка“, луѓето се надвор од себе од ужасот што го доживеаја, а итните медицински служби се пренатрупани.

„Бејрутското пристаниште е сосема разорено. Ние немаме повеќе пристаниште“, додаде тој.

Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

epaselect Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/IBRAHIM DIRANI
Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH
Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH
Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH
Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH
Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH
Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH
Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH
Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH
Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/ABDUL MUEED

The post Потресни сведоштва од Бејрут: „Видов војна, снимав војна, ова е апокалипса“(ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Потресни сведоштва од Бејрут: „Видов војна, снимав војна, ова е апокалипса“(ФОТО+ВИДЕО) was first posted on август 5, 2020 at 4:58 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....