6.8 C
Скопје
10:46 - 18 ноември, 2024

Пословичната доследност на „аналитичарот“ Пандов

„Аналитичарот“ Александар Пандов фрлаше со дрвја и камења по Мицкоски, индиректно нарекувајќи го „предавник и слуга на меџународна“, предвидувајќи му слаби изборни резултати на претседателските избори и нему и на, како што ја нарече, „Гога Сорос“.

Навистина, човек можеше да биде и исклучително неталентиран познавач на состојбите (како нашиов „аналитичар“) за да го предвиди поразот на Мицкоски и неговата љубимица.

Во тој период, Пандов остана на својот „бојкотирачки“ курс, па на ТВ21 јавно се откажа од ВМРО-ДПМНЕ и изјави дека нема да го ажурира своето членство во партијата, туку ќе настапувал независно.

Сепак, наспроти неговото откажување од партијата, Пандов за „награда“ доби нова функција во партијата. Извршниот комитет на вемеро го именуваше за претседател на т.н. „патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ“ според „новиот демократски статут на партијата“ (бре, бре).

Не е јасно кој навистина стои зад ова именување, Мицкоски, кого Пандов до вчера го „тепаше“, или тие што му го нишаат престолот. Не е познато ни дали оваа функција ќе биде платена или не. Пандов, колку што е познато (вмровски извори), повеќе години е без работа (тато носи, мама меси).

Инаку, Пандов е поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, а вмровските медиуми го нарекуваат „истакнат политички аналитичар“. Долго време е присутен на сцената, но никако не му успева да се пробие во првите редови.

Во 1997 година учествуваше во протестите против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет, заедно со Филип Петровски и Антонијо Милошоски кои, ако се сеќавате, пред камери штрајкуваа со глад, а потоа им носеа сендвичи од „Чичко Стоилко“. И тогаш Петровски и Милошоски „блескаа“, а тој остана во сенка. А Пандов им носеше сендвичи. Не е познато дали и тој „штрајкувал со глад“.

„Независниот аналитичар“ со новата партиска функција добива уште една шанса. Времето ќе покаже колку и како ќе ја искористи во овие тешки денови за партијата. За доследноста не мора да зборуваме. Доволен е насловот.

The post Пословичната доследност на „аналитичарот“ Пандов appeared first on Слободен печат.


Пословичната доследност на „аналитичарот“ Пандов was first posted on септември 10, 2020 at 11:04 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....