2.8 C
Скопје
17:20 - 22 декември, 2024

Поразот на „Луј Витон“ против НАТО

Претпоставувам дека, до сега, секој има став за содржината и „победникот“ на ТВ дуелот меѓу Заев и Мицкоски минатиот петок. За почеток, требаше да се преживее таа генијално глупава телевизиска идеја – чија ли е, се прашувам? – дека дуелот треба да трае цели три часа, како турска серија во 197 продолженија.

Мојот впечаток е дека Заев упорно се занимаваше со објаснување и одбрана на политиките во државата, а Мицкоски опсесивно се занимаваше со Заев. Потсвесно, Мицкоски разбира дека, дури и да победи на изборите – всушност, ЗА ДА ПОБЕДИ на изборите – мора да обезбеди континуитет на главните политики на Заев, бидејќи нема алтернатива на тие политики. Тоа е „квадратурата на кругот“ што Мицкоски не може да ја реши, па се плетка „како пиле во кучина“ со разни ефемерии од „животот и делото“ на својот политички противник.

Тоа верно ја отсликува и предизборната кампања во Македонија која следува после неколку години комплетно неснаоѓање на опозицијата како да парира (откако самоволно одби да учествува) во густата политичка агенда што ја спроведе власта за остварување на стратегиските, децениски евро-атлантски аспирации на големото мнозинство македонски граѓани.

Симболично, така и заврши дуелот: од една страна, понудата на значката на НАТО како симболичен триумф на една макотрпно градена политичка визија; од друга страна, паричник „Луј Витон“ како симболичен одговор за мисијата на опозицијата која, во најдобар случај, го преспа влегувањето на Македонија во следното ниво на својот историски развој.

Се работи за два паралелни света, речиси и да не се допираат, меѓу чии натпреварувачки коалиции ќе треба да изберат македонските гласачи на 12 април. Во суштина, изборот е меѓу минатото и иднината.

Прилично едноставна понуда, во која на Заев не му беше тешко уверливо да доминира вечерта во дуелот. Да имаше подобар противник, ќе видевме и поинспиративна дебата.

Но, покрај вообичаените меѓусебни „љубезности“ што си ги разменија Заев и Мицкоски таа вечер, а коишто брзо ќе се заборават, она преку што не треба лаконски да се помине е една специфична, многу опасна ескалација во стратегијата на Мицкоски, па дури и ако се отпише на фрустрацијата заради текот на дебатата…

Имено, Мицкоски во неколку наврати во текот на дуелот го обвини Заев дека со своите политики направил „предавство на родот и земјата“. Скандалозната синтагма за „крвта и тлото“ („родот и земјата“) е директен цитат од германскиот нацистички пропаганден краток филм “Blut und boden” („Крв и тло“) од 1933 година со кој се воспостави идеологијата на Новиот Рајх, а што се надоврзува на Хитлеровите идеи објавени осум години пред тоа во „Мајн Кампф“.

Ако Мицкоски е толку политички неопитен и неинформиран – јас друго објаснување не нудам – за да влегува во овој трагичен пропаганден предизборен „филм“ со несогледливо опасни последици, би можел за совет и појаснување за „предавството“ на „крвта и тлото“ да ја праша Рашела Мизрахи. Таа, пак, ако самата е глупава да не разбира за што станува збор, можеби треба да праша некого од сопствените, преживеани, крвни сродници, за и нејзе да ѝ ја објаснат идејата за предавството на земјата. Впрочем, пред еден месец, токму на оваа чувствителна тема, Тричковски со својата аналитичка брилијантност пророчки точно и со адекватна грубост ја предупреди Мизрахи кон што може да ја одведе нејзината политичка авантура за членство во структури кои недоветно, историски, флертуваат со нацистичките идеи за „родот и земјата“.

Впечаток е дека не се одвиваат добро изборните шанси на ВМРО-ДПМНЕ. Во вакви лидерски дуели, се гледа недостаток на политички концепт и валидни алтернативи кои би ги надминале секојдневните, здодевни аферашки шпекулации и фабрикации.

Но, единствено полош исход за нив од тоа да ги изгубат изборите би било да ги изгубат натпреварувајќи се врз идеолошката платформа на Јанко Бачев. Такво понижување не им треба.

 

Извор: Цивилмедиа

The post Поразот на „Луј Витон“ против НАТО appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....