13.8 C
Скопје
10:30 - 5 ноември, 2024

Пораст на бројот новозаразени во регионот, Хрватска рекордер со речиси 2.250

Во исчекување на податоците од македонското министерство за здравство за состојбата со новозаболените од коронавирус во последните 24 часа, дел од земјите во регионот веќе ги објавија своите податоци.

Во Хрватска во последните 24 часа се потврдени 2.421 нов случај на зараза од коронавирус, најмногу досега, а осум лица починаа с,оопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Моментално бројот на заболени е 11.144, а меѓу нив 825 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор се 58. Вкупно се тестирани 8.520 лица, а во самоизолација се повеќе од 28.000 лица.

Најмногу новозаболени има во Загреб, 976 граѓани.

Од почетокот на епидемијата, коронавирусот е потврден кај 36.380 лица, од кои се опоравиле 24.799, а починале 437. Тестирани се  445.568 примероци.

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се потврдени 1.132 нови случаи на зараза од коронавирус. Починале 10 лица, седум во Република Српска и три во Федерациајта БиХ.

Во Федерација БиХ тестирани се вкупно 193.636 примероци, а коронавирусот е потврден кај 26.357 лица.

Од болеста се опоравиле 18.261 лице, а моментално се активни 7.399 случаи.

Вкупно во Федерацијата БиХ од коронавирус починале 697 лица.

Кога е во прашање Република Српска, таму се тестирани 736 лабораторски примероци, а ковид-19 е потврден кај 403 пациенти.

Најмногу заболени има во Бања Лука, 175 лица, а нови случаи се забележани во уште 36 градови и општини во РС.

Досега во РС се потврдени 14.134 случаи на коронавирус, а починале вкупно 367 лица.

Од почетокот на пандемиајта во БиХ од коронавирус се заболени 40.890 лица, а забележани се 10.087 смртни случаи.

Во претходните 24 часа од последиците на заразата од коронавирусот во Србија починале три лица, објавено е на сајтот ковид19.рс.

Во истиот период вкупно се тестирани 4.739, од кои вирусот е потврден кај 614 лица.

На болничко лекување се 694 заболени, а 26 од нив се на респиратор. Стапката на смртност е 2,00 проценти.

Од почетокот на пандемијата од вирусот на ковид-19 во Србија се регистрирани 39.486 заболени, вкупно се тестирани 1.283,016 луѓе, а починале 792 лица, се наведува на сајтот ковид19.рс.

Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на 663, откако двајца пациенти кај кои бил откриен коронавирусот починаа во последните 24 часа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вчера се откриени 186 новозаразени, така што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 17.943.

Во дневниот извештај на ИКШПК се наведува дека болеста, вклучително вчерашните 54 излекувани, досега ја совладале вкупно 15.088 лица.

The post Пораст на бројот новозаразени во регионот, Хрватска рекордер со речиси 2.250 appeared first on Слободен печат.


Пораст на бројот новозаразени во регионот, Хрватска рекордер со речиси 2.250 was first posted on октомври 25, 2020 at 5:07 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....