Гордана Силјаноска Давкова во ИЕ 1, Владо Мисајловски во ИЕ 2, Игор Јанушев во ИЕ 3, Александар Николовски во ИЕ 4, Игор Дурловски во 5ка, а Дафина Стојановска во 6ка се носителите на изборните листи кои ВМРО ДПМНЕ вечерва ги договори на Извршен и Централен комитет на партијата за изборите на 12.април.
Покрај носителите, главно како што рече Христијан Мицкоски вечерва, се работи за 95 отсто кандидати кои за прв пат ќе влезат во политиката. Покрај носителите, препознатливи лица на листите на ВМРО ДПМНЕ се и советникот за меѓународна политика, Тимчо Мицунски, втор во ИЕ 1, како и поранешниот новинар и пратеник Сафет Бишевац, 9ти на листата на кандидати.
Поранешната техничка министерка Рашела Мизрахи е втора во ИЕ 2, Јохан Тарчуловски е 12ти во ИЕ 3, професорката Иванка Василевска е чертврта во ИЕ 3, а од старата постава, Антонијо Милошоски е втор во ИЕ 5. Во 5ка, петти кандидат е лидерот на УМС, Јован Јаулески.
Според Мицкоски ова е тимот на партијата за обнова, меѓутоа старите кандидати не се исклучени од можни функции. Партијата утре во 13 часот потпишува со коалицијата а во 18 ќе одржи партиска конвенција.
Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ започна во 19 часот по што следуваше седница на Централниот комитет. Во неколку наврати од салата каде што се одржуваа состаноците на партијата се слушнаа силни скандирања, а пред почетокот на прес-конференцијата на партискиот претседател Христијан Мицкоски, по завршувањето на ИК и ЦК, сопартијците кои се најдоа на листите си честитаа едни со други, а се делеа и памфлети за месните комитети од внатрешноста, каде на насловна страна е испринтан ликот на Зоран Заев со опис “предавник” на државата.
Во четврток Мицкоски соопшти дека ќе се одржи лидерска средба по повод ситуацијата со корона вирусот, по што партијата ќе го соопшти ставот за сите евентуални сценарија
The post Поранешниот новинар и пратеник Бишевац на листа на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Слободен печат.