30.4 C
Скопје
15:08 - 10 јули, 2026

Полицијата во Бразил нема трпение за оние што не го почитуваат карантинот (ВИДЕО)

Бразил на сите начини се обидува да го сузбие ширењето на коронавирусот, кој досега однесе 34 животи во оваа земја, а регистрирани се 1.967 случаи.

Властите во оваа држава ги затворија границите и воведоа вонредна состојба, која подразбира луѓето да останат во домашна изолација, за да се запре ширењето на вирусот.

Меѓутоа, несовесни граѓани не ги почитуваат мерките на лекарите и властите, и деновите ги минуваат надвор од дома. Во тие случаи, мора да реагира полицијата, како во провинцијата Итапема.

Имено, припадниците на полицијата мораа со користење на гумени палки и солзавец да ги растераат луѓето кои се собрале на плажа. За време на интервенцијата дошло и до судири на граѓаните со полицијата, а во позадина се слушаат и истрели.

The post Полицијата во Бразил нема трпение за оние што не го почитуваат карантинот (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....