По вчерашните избори и првичните резултати, двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прогласија победа. Но, според атмосферата во изборните штабови на двете партии, на СДСМ во хотел Белви и на ВМРО-ДПМНЕ во „Белата палата“, очигледно беше дека победата на изборите ја однесоа социјалдемократите.
Во хотелот Белви до доцна во ноќта се чекаше пристигнувањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој на присутените им се обрати во 1:30 часот по полноќ. Овации и свирежи го пречекаа Заев на бината. Присутните еуфорично го извикуваа неговото име и зборот „победа“.
Заев: Можеме и тоа како можеме, успеавме народе мој – Ова ќе биде влада на граѓаните (ФОТО+ВИДЕО)
Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ пак, забележително беше чувството на пораз, иако Игор Јанушев првично најави победа со разлика од 7-8 пратеници. Во партијата не можеше да се види никој од раководните функционери. Новинарските екипи си ја спакуваа опремата во 1 часот по полноќ.
Јанушев: Трката е речиси изедначена, СДСМ и кога губеле прогласувале победа (ВИДЕО)
Погледнете ја синоќешната атмосфера во изборните штабови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ низ објективот на нашите фотографи Ристе Пејовски и Драган Митрески.
Пред „Белата палата“ штама, се слуша само славењето од ОК СДСМ Центар (ФОТО+ВИДЕО)
The post Погледнете каква беше атмосферата синоќа: Во СДСМ еуфорично, во ВМРО-ДПМНЕ молк (ГАЛЕРИЈА) appeared first on Слободен печат.
Погледнете каква беше атмосферата синоќа: Во СДСМ еуфорично, во ВМРО-ДПМНЕ молк (ГАЛЕРИЈА) was first posted on јули 16, 2020 at 11:44 am.