6.8 C
Скопје
10:55 - 16 ноември, 2024

Подвиг на италијанските хирурзи: Успешно раздвоија сијамски близначки споени во черепот (ВИДЕО)

Ватиканската детска болница во Рим во вторникот објави дека лекарите успешно ги одвоиле сијамските близначки споени во задниот дел од главите.

Двете девојчиња, таканаречени близнаци краниопагус, имале заеднички дел од коските на главата и церебралниот венски систем.

„Ова е прв случај во Италија, а веројатно и во светот (нема записи за слични операции во литературата“, соопшти болнциата Бамбино Гесу.

Фото: Screenshot/ Facebook/Ospedale Pediatrico Bambino Gesù

Близначките Ервина и Префина се родени во Централноафриканската Република во 2018 година. Пренесени се во Рим преку химанитарната програма на болницата Бамбино Гесу.

Три операции во кои учествувале над 30 луѓе

Близначките се оперирани три пати, во мај и јуни 2019 година и на 5 јуни годинава кога се успешно раздвоени. Последната операција траела 18 часа и во неа учествувале повеќе од 30 членови на медицинскиот персонал.

Unite per la testa: separate due gemelle siamesi al Bambino Gesù

Ervina e Prefina nascono in Centrafrica nel 2018. Le gemelline sono unite per la testa, nuca contro nuca. A distanza di due anni, un intervento straordinario al Bambino Gesù permette alle bambine di guardarsi per la prima volta negli occhi, in braccio alla loro mamma.Si tratta della prima operazione di questo tipo in Italia e, probabilmente, l’unica al mondo per una delle più rare e complesse forme di fusione a livello cranico e cerebrale.

Publiée par Ospedale Pediatrico Bambino Gesù sur Mardi 7 juillet 2020

Месец дена подоцна „двете близначки се добро“. Се уште се во болнциа, но може да очекуваат „нормален живот“, велат од болницата.

Раздвојувањето на нивните церебрални венски системи бил најголемиот предизвик. Користеле огледала за да можат близначките да се видат и да ги препознаат лицата меѓусебно пред завршната операција.

Исклучително редок случај на близнаци

Девојчињата на 29 јуни со песна и колачиња го прославија вториот роденден. Во објавеното видео од прославата седат на колената на мајката со завои на главите.

Близнаците краниопагус се многу ретки. Болницата Бамбино Гесу знае за само два такви случаи кои се успешно оперирани.

 

The post Подвиг на италијанските хирурзи: Успешно раздвоија сијамски близначки споени во черепот (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Подвиг на италијанските хирурзи: Успешно раздвоија сијамски близначки споени во черепот (ВИДЕО) was first posted on јули 7, 2020 at 8:41 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....