Египетскиот министер за туризам и антиквитети, Халид ел Анани изјави денеска дека археолози пронашле десетина древни ковчези во голема некропола јужно од Каиро.
Министерот изјави дека се пронајдени најмалку 59 запечатени саркофага, најголем дел од мумии во нив, кои биле закопани пред повеќе од 2.600 години.
Ел Анани говореше на прес-конференција кај познатата Скалеста пирамида на фараонот Зосер во Сакара, каде се откриени саркофазите. Еден дури и беше отворен пред новинарите за да можат да ја видат и фотографираат мумијата. На церемонијата присуствуваа и неколку странски дипломати во Египет.
На платото во Сакара се наоѓаат најмалку 11 пирамиди, вклучувајќи ја и Скалестата, како и стотина гробници на големи личности и други локалитети кои го покриваат периодот од Првата династија (2920 – 2770 година п.н.е.) до периодот на Коптите (395 – 642 година п.н.е.).
– Мислам дека ова е почеток на големо откритие, рече египетскиот министер и додаде дека не знае уште колку ковчези ќе бидат ископани.
За првата група на ковчези, египетски официјални лица објавија дека е откриена минатиот месец.
Локалитетот Сакара е дел од некрополата на некогашната египетска престолнина Мемфис и во негови рамки се познатите пирамиди во Гиза, како и помали пирамиди во Абу Сир, во Дашур и во Абу Руваиш. Урнатините на Мемфис од седумдесетите години на минатиот век се наоѓаат на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.
The post Почеток на големо откритие: Во Египет откопани 59 сакрофага, најголем дел со мумии во нив appeared first on Слободен печат.
Почеток на големо откритие: Во Египет откопани 59 сакрофага, најголем дел со мумии во нив was first posted on октомври 3, 2020 at 9:43 pm.