2.8 C
Скопје
02:41 - 24 декември, 2024

Петковски: Разбиен дуополот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, успехот на Левица е лекција дека нешто треба да се промени во изборниот модел

Ова е идеален момент ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека се реформира. Колку ова ќе значи прекинување на традицијата на Груевски, не сум убеден. Цело време да се игра на седење на две столици не им носи резултат и можеби ова е најава дека ќе се откажат од наследството што им го остави Груевски, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ граѓанскиот активист и доскорешен извршен директор на Центарот за Европски стратегии – Евротинк, Љупчо Петковски во врска со вчерашните најавени реформи после ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Две работи ми оставија впечаток после изборите. Едната е успехот на Левица кој веројатно беше очекуван. Левица е една мала популистичка партија која преку социјалните мрежи успеа да се протне покажувајќи дека е единствена која може да пркоси на естаблишментот, вели Петковски.

-Стравот од раст на било какви политички движења што излегуваат од тесните граници на политичкиот центар наликува на европски тренд. Овој страв ме потсетува на најразвиените западноевропски трендови. Јас имам чувство дека Левица има потенцијал за раст, но вистинското прашање е зошто луѓето се идентификуваат со вакви партии. Мојот став дека кабаетот е кај големите партии, односно дека не испорачуваат она што го ветуваат. Третата најбитна работа е што со овој успех се разби она табу дека може да се пробие оној дуопол на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Затоа успехот на оваа партија треба да е лекција дека нешто треба да се промени во изборниот модел, изјави Петковски.

Говорејќи за пост-изборните комбинаторики, Петковски смета дека тешко е да се претпостави кој и како ќе коалицира. Се уште никој не знае. Се оди од формирање на Влада со ДУИ, до отцепување на пратеници.

 

The post Петковски: Разбиен дуополот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, успехот на Левица е лекција дека нешто треба да се промени во изборниот модел appeared first on Слободен печат.


Петковски: Разбиен дуополот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, успехот на Левица е лекција дека нешто треба да се промени во изборниот модел was first posted on јули 22, 2020 at 8:33 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....