22:05 - 22 декември, 2024

Пациентите во Охрид не можат да куртулат од короната и по шест недели!

Наместо вообичаениот период од 21 ден, пациенти инфицирани со коронавирусот остануваат позитивни дури шест недели, тврди за „Слободен печат“ епидемиологот доктор Јованка Сурлакова Коровешовска од Центарот за јавно здравје Охрид.

Ова тврдење таа го темели на искуството со голем број пациенти, кои по алгоритам и протокол медицинските техничари ги тестираат три недели откако ќе бидат потврдени како позитивни на Ковид 19. Меѓутоа, по три недели вирусот воопшто не го напушта нивниот организам, тврди Коровешовска, што значи дека тој се „одомаќинил“.

– Имаме повеќе случаи, кога пациентот е со вирусот пет, шест недели. Сега, споредено со почетокот на пандемијата, пациентите потешко се негативизираат. Кога им се прави контролен брис по неколку недели, тие повторно се позитивни. Се враќаме за недела дена, повторно истиот резултат. Вирусот се одомаќини кај населението. Тоа значи дека вирусот почнал заеднички да живее со организмот на човекот и потребен е подолг временски период за носителот да се избори со него. Порано имавме пациенти со потешка клиничка слика, ама и побрзо се негативизираа. Сега имаме полесна клиничка слика, но подолго времетраење на инфекцијата – вели за „Слободен печат“ епидемилогот Коровешовска.

Запрашана што значи тоа дека пациентите имаат лесна клиничка слика, таа посочи дека симптоматологијата сега се разликува со онаа што инфицираните ја манифестирале во март или во април.

– Да не беше пандемија, никој не би помислил дека е корона. Значи станува збор за температура од 37 со 2, и тоа само во времетраење од еден ден или половина ден. Понатаму, пацинетите имаат дигестивни симптоми, како дијареа и стомачни тегоби. Исто така, имаат и слаби мускулни болки. Ретко кој има кашлица. Имаме и многу асимптоматски, а позитивни пациенти. Сега почнаа фудбалските првенства и ракометните натпревари и сите пред натпреварот се тестираат и некои излегуваат позитивни, но без симптоми. Голем број тестирања спроведуваме за луѓе што имаат потреба да патуваат во странство, најчесто Бугарија и Србија, или повратници во Германија и Швајцарија – додава докторката.

Еден од потешките аспекти на коронавирусот кој пациентите го комуницираат со Коровешовска е психолошкиот притисок кој со себе го носи изолацијата. Поголемиот број нови пациенти се помлади и ним особено тешко им паѓа да бидат затворени дома.

Во пресрет на есенскиот бран на Ковид 19 и грипот, Коровешовска истакнува дека поради сличната симптоматологија, ќе биде потешко да се дијагностицира кој има ковид а кој грип.

Центарот за јавно здравје Охрид не регистрирал зголемен број на заразени со Ковид 19 како последица на забавите и непочитувањето на мерките во ова туристичко и фреквентно место. Но, причината за тоа, тврди Коровешовска, е тоа што туристите си заминале секој во својот град и најверојатно ги регистрира некој друг центар за јавно здравје.

Министерот за здравство Венко Филипче најави можно воведување на рестрикции на есен, зависно од тоа дали епидемиолошката состојба тоа ќе го наложи. Предвид доаѓа полициски час, ограничување на времето за работа на угостителските објекти и поригорозни ,,тврди мерки” во оние градови со најголем број заразени.

Јавноздравствените установи се подготвуваат за нови 16 ковид центри чија цел е да овозможат пациентите со коронавирус да бидат одделени физички од другите пациенти. Повторно во функција е вратен системот „Мој термин“. Пациентите чии прегледи беа откажани изминатиот период ќе бидат повикувани. Во здравствената установа ќе биде дзволен влез на лица со специјалистички и субспецијалистички упат 15 минути пред закажаниот термин за преглед, при што ќе биде дозволен влез само на уште еден придружник. Задолжително е носењето заштитна маска на пациентот и придружникот при влез во здравствената установа на закажан преглед или прием на болничко лекување.

Сите јавни здравствени установи се задолжени да постават дезинфициенси за раце при влезот во установата и тие да бидат поставени на видно место јасни насоки за пациентите, а одговорно лице од установата е задолжено да спроведува термален скрининг, епидемиолошка проценка и контрола на носењето лична заштитна маска на пациентите, како и одржување физичка дистанца во чекалните на амбулантите за преглед.

Исто така, сите операции што беа откажани изминатиот период поради пандемијата ќе бидат реализирани согласно планот и протоколот на стручните колегиуми на клиниките.

The post Пациентите во Охрид не можат да куртулат од короната и по шест недели! appeared first on Слободен печат.


Пациентите во Охрид не можат да куртулат од короната и по шест недели! was first posted on август 18, 2020 at 12:06 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....