2.8 C
Скопје
19:14 - 20 декември, 2024

Паднаа маските околу лекарските визири: Едни се мачат и од срце донираат, други профитираат!

Лекари од повеќе медицински установи во земјава, вчера добиле повеќе електронски понуди да набават визири за заштита, кои здравствените работници ги користат во болнички и амбулантски услови за заштита од коронавирусот. Овие визири компаниите на директорите на здравствените установи, им ги нуделе за суми кои се движат од 280 па се до 500 денари, и покрај тоа што тим од млади ентузијасти, деноноќно ги вложува своите ресурси, време и пари за бесплатно да ги обезбеди овие визири за оние на кои им се најмногу потребни.

Доктор Ненад Лазаров, кој работи во приватна ординација и кој со тим млади ентузијасти бесплатно помага да се изработат и дистрибуираат визири за заштита во услови на кризата со коронавирусот, е разочаран и непријатно изненаден од ваквиот потег.

– 3Д Принт Медицинска опрема, како екипа од доброволци, ваши пациенти, сограѓани, со сопствени машини, деноноќно и пожртвувано, од срце се труди да произведе и да ви донира бесплатно визир за секој медицинар. Се здробивме сите од работа, не знаеме кој ден е. За неколку дена ќе имаме и дистрибуираме 20.000 бесплатни визири, да видиме на кого ќе продавате! Или барем да почекате, да ги завршиме медицинарите и да ги заштитиме, па продавајте на банки, фирми, бизниси и слично, ама легитимно и чесно, вели Лазаров.

До директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија Софија Пејкова, на официјалниот мејл пристигнала порака од компанија, во која се вели дека поради зголемената потреба од заштитна медицинска опрема за медицинскиот персонал, некоја компанија почнала да произведува визири за заштита на лице и очи и доколку сакаат да купат, понудата со цените им се доставува во прилог.

„Заштитните маски визири, се достапни по симболична цена од 280 денари, 330 денари со ДДВ”, се наведува во електронската комуникација.

Директорката ги одбила, зашто огромен број на визири веќе се бесплатно дистрибуирани до медицинскиот персонал како донација од млади ентузијасти што со својот труд, хуманост и желба да помогнат, деноноќно ги изработувале овие заштитни помагала во своја сопствена работилница, а за таа намена и многу луѓе донирале пари.

– Јас сум премногу горда на моите млади колеги, моите студенти, за нивната креативност, проактивност и исполнителност. Нивната иницијатива ја поздравувам и ја гледам како многу важен инпут за да се постават принципи на однесување и делување во вакви глобално сериозни моменти. Исто така, добивме и донација на визири од Арбериа дизајн. Се наоѓаме во период со кој досега никој не се соочил. Но сепак ме охрабруваат вакви иницијативи кои пример колку многу се важни принципите на вредности ( не мислам материјални) туку на почит, на заедништво , принципиелност бидејќи само така можеме сите заедно да излеземе победници во оваа глобална сериозна ситуација, ни рече директорката.

За визирите, според нашите информации има и заменски стакла, па не е исклучено дека во иднина ќе има компании што ќе се вмешуваат за да им ги нудат на болниците и лекарите за профит. Со оглед на тоа дека станува збор за илјадници визири, сумите во игра се високи.

Од петок, 3Д Принт Медицинска опрема, организира приватните здравствени установи да добијат визири во соодветни количини, зависно од големината на медицинските тимови. Визирите ќе се делат од 16 до 19 часот секој ден освен недела, почнувајќи од петок 3 април.

The post Паднаа маските околу лекарските визири: Едни се мачат и од срце донираат, други профитираат! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....