3.8 C
Скопје
01:58 - 21 декември, 2024

ОВИЕ ГРАДОВИ РЕКОА „НЕ“ НА ИЛЈАДНИЦИ ЕВРА: Со различни мерки во „борба“ против туристите

Минатата година, повеќе од кога било, се појави проблемот на преголемиот број на туристи на добро познати туристички дестинации. Проблемот излезе на виделина особено на екот на сезоната, па одредени градови беа принудени да преземат мерки за да ги „заштитат“ градовите и жителите од премногу туристи.

Минатата година, градовите како Рим, Венеција и Амстердам направија одредби според кои тие решија да им го олеснат животот на локалното население, но и да го спречат непристојното однесување.

Со оглед на тоа дека иднината ќе донесе уште поголеми движења и патувања, логично е да се очекуваат вакви потези и на други популарни дестинации, па да се вратиме за час во минатата година и да видиме како врвните дестинации решија да се справат со проблемот. Со различни мерки, тие можеби останале лишени од илјадници евра што би можеле да ги заработат од туристичките посети, но од друга страна, тие беа во можност буквално да им дадат на најпознатите атракции „место за дишење“.

Италија

Пиење на улиците, пливање во канали или фонтани, шетање наоколу без маица, крадење пешкири од плажи, јадење на историски споменици – ова се сите работи што во некои италијански градови ви гарантираат значителни казни кои ќе ве остават без стотици евра во паричникот. Градовите како Венеција (најдобриот пример за премногу туристи), Милано, Рим и Фиренца доживеаја пораст на непристојно однесување во последниве години, а сите заедно резултираа со забрани.

Рим, кој го посетуваат повеќе од 20 милиони туристи годишно, исто така се погрижи за безбедноста на спомениците. Во текот на летото беше воведена забрана за седење на шпанските скали (парична казна од 250 евра), а се планира ограничување за посета на познатата „Фонтана ди Треви“.

Амстердам

Во мај, холандскиот туристички одбор донесе одлука да престане да ја промовира земјата како туристичка дестинација и одлучи да ги прераспредели посетителите и да ги упати кон другите холандски градови. Амстердам се приклучи и кон забраните, така што од оваа година веќе нема да може да се оди на организирана групна посета на „Црвениот кварт“ или да се вози велосипед со пиво. Исто така, познатиот знак „Love Amsterdam“ беше отстранет затоа што секој ден пред него се сликаа најмалку шест илјади „селфи“ фотографии.

Се разбира, се случуваше и лошо однесување. Пиењето на улица, јавно мокрење и фрлање ѓубре, што може да чини и до 140 евра, така што се верува дека туристите сега ќе бидат многу внимателни во нивното однесување. И да, лошата вест за сите што доаѓаат во Амстердам е што беше зголемен данокот за престој. Но, бидејќи 19 милиони туристи го посетија Амстердам минатата година, сите овие одредби се повеќе од логични.

Париз

Оваа година, властите во Париз ја објавија можноста за забрана за пристигнување на туристички автобуси во центарот на градот и им порачаа на посетителите дека е време да се користат еколошко прифатливи опции, како што се велосипеди, тротинети или пешачење. Ова е само почеток, бидејќи Парижаните се повеќе се грижат за зголемувањето на бучавата и загадувањето и поради тоа треба да се направи нешто.

Патем, француската метропола е еден од најпосетуваните градови во светот, така што повеќе од 50 милиони лица го посетија „градот на светлината“ само минатата година.

Бриж

За среќа, огромен број туристи не го погодија вториот по големина белгиски град бидејќи властите решија да реагираат навреме. Иако се зголемува бројот на туристи, затоа што во 2018 година Бриж го посетиле 8,3 милиони луѓе (900 илјади повеќе од претходната година), властите сфатиле како да го ограничат бројот. Имено, најголем број посетители се оние кои крстарат со бородви и кои доаѓаат неколку часа. Затоа, Бриж минатата година го ограничи бројот на крстосувачи кои истовремено можат да пристигнат од пет на два, со што се намалува метежот и вревата во градот.

The post ОВИЕ ГРАДОВИ РЕКОА „НЕ“ НА ИЛЈАДНИЦИ ЕВРА: Со различни мерки во „борба“ против туристите appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....