18.8 C
Скопје
10:49 - 29 март, 2024

Од почетокот на кризата околу 20.000 луѓе загубиле работа: Работодавачи делат откази и на хронично болни лица

Дел од работодавачите ја користат корона-кризата да го намалат бројот на своите вработени, па дури и од оние што се дијагностирано хронични случаи, за кои важи ослободувањето од работа во услови на ковид-19. Со образложение дека им истекле договорите на определено време, лесно се делат откази. Социјалните мрежи постојано регистрираат вакви случаи и се поставува прашањето дали некој ја пробива владината мерка?

„Мојата свекрва е дијабетичар тип 1, има медицинска белешка дека е ослободена од работа. Со работен стаж од 20 години, доби отказ од конфекцијата во која работи. Дали некој ја пробива владината мерка“, прашува читателка од Штип.

Освен дијабетичарите, на листата ослободени од работа се и оние со хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни и малигни заболувања и имунокомпромитирачки состојби.

Проценките говорат дека од почетокот на кризата како новоневработени се водат околу 20.000 лица.

Евидентно, лицата што се со договори на определено време се први на удар од притисокот на кризата. Така, Агенцијата за вработување на почетокот на јули, извршила исплата за 6.933 невработени лица корисници на надомест, на кои им истекол договорот на определено време во износ од над 65 милиони денари. Согласно со Уредбата на Владата којашто се однесуваше на исплата на паричен надоместок за два месеца во висина од 50 отсто од месечна нето-плата што работникот ја примил во последниот месец, им е исплатено на 2.873 невработени, кои потпишале спогодбен отказ, добиле или дале отказ. За оваа намена биле исплатени околу 50 милиони денари. Аплицирањето за добивање паричен надоместок траеше до 26 јуни и се однесуваше на сите оние кои од 11 март до 30 април останале без работа.

Инаку, како новоневработени во јуни се пријавиле 3.565 лица. Во мај годинава биле поделени најмногу откази. Повеќе од седум илјади лица се пријавиле како невработени. Во април тој број изнесувал шест илјади, а две илјади во март.

The post Од почетокот на кризата околу 20.000 луѓе загубиле работа: Работодавачи делат откази и на хронично болни лица appeared first on Слободен печат.


Од почетокот на кризата околу 20.000 луѓе загубиле работа: Работодавачи делат откази и на хронично болни лица was first posted on август 5, 2020 at 12:22 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....