10.8 C
Скопје
03:18 - 25 април, 2024

Нападнат Беким Асани: Планирам да купам пиштол, не може кој како ќе стигне да ме тепа!

На антидепресиви, никогаш недвижејќи се пеш по улица и секогаш во страв дека некој ќе го нападне живее претседателот на здружението „ЛГБТ Јунајтед“ Беким Асани од Тетово. Сексуалната определба на Асани небројан број пати го доведе во ситуација да биде тепан, навредуван, напаѓан, па затоа и социјалната изолација и држењето до мал и затворен круг на пријатели и поддржувачи во заедницата е единствениот начин на кој што функционира во услови кога ЛГБТ активистите во Тетово се мета на насилници, а институциите на системот се неми и глуви за да ги санкционираат нивните недела.

Додека се возел со четворица пријатели во својот автомобил, Асани бил претепан со боксови по лицето и по стомакот. Бидејќи од нападот повраќал, завршил и в болница, но неговите напаѓачи кои среде бел ден го натепале упатувајќи му ги зборовите „а ти си тој педерот“ на албански јазик, се во моментов на слобода.

Беким Асани

– Бев во автомобил, и друго црно големо возило дојде накај мене. Му велам пројди, има место. И тој отвори прозорец, почна да вика и тогаш ми рече ,,А ти си тој педерот”. Излезе од неговиот автомобил, ја отвори вратата од мојот автомобил и ми удри бокс. Уште четворица беа со мене во кола, ми велат, вози остави. Велам не, морам да пријавам во полиција. Тогаш излезе и тој другиот од црното големо возило и ме удри со клоца во стомак и бокс во лице. Потоа си заминаа и полицијата дојде. Направија записник и јас заминав прво дома па в болница зашто повраќав. Таму има камери, се е снимено. Планирам да купам пиштол и јавно да го објавам тоа. Не може секој што ќе ме препознае да ме тепа. Јас сум на антидепресиви секој ден и ова е опстанок. Ама решен сум да живеам тука и да се борам. Веќе седум години не сум се движел пешки во Тетово никогаш, вели Асани за „Слободен печат“.

Тој веќе не памети колку пати бил вербално и физички нападнат, навредуван и омаловажуван поради тоа што е хомосексуалец.

– Секогаш ме напаѓаат, ретко пријавувам. Но, последниве две години стекнав доверба во институциите и почнав да пријавувам. Лани ме нападнаа на Матка и еве една година, ниту сум добил покана од обвинителство, ниту нешто конкретно. Повеќе од една година помина. Во 2018 година имав десет заканувачи на Фејсбук, добија условни казни од судот во Тетово и толку, објаснува Асани.

Тој уште чувствува болки од нападот, главата му е во завој, а закажал и снимање на главата за да провери дали има посериозни повреди. Нападот се случил на само 200 метри од седиштето на организацијата ЛГБТ Јунајтед во Тетово.

Од МВР не добивме одговор дали делото ќе се води како злосторство мотивирано од омраза, со оглед на тоа што сексуалната ориентација на Асани е поводот за најновиот напад.

И лани во јуни, по завршувањето на парадата на гордоста во Скопје, Асани беше нападнат во Сарај. Додека се движел заедно со тројца државјани на Албанија и двајца на Босна и Херцеговина, Асани бил пресретнат од 7-8 лица кај кањонот Матка. Откако биле вербално нападнати затоа што се припадници на ЛГБТИ заедницата, Асани и останатите влегле во такси возило за да избегнат проблеми и се упатиле кон Сарај. По нив тргнало Ауди со скопски регистарски таблички, кое ги престигнало кај плоштадот „Иса Булетини“ во Сарај и го пресекло патот на такси возилото, принудувајќи го да запре. Возачот на Аудито излегол од возилото и прво вербално а потоа и физички го нападнил Беким Асани. Во меѓувреме пристигнала полицијата која го привела напаѓачот, 30 годишниот Јетмир А. од Скопје.

The post Нападнат Беким Асани: Планирам да купам пиштол, не може кој како ќе стигне да ме тепа! appeared first on Слободен печат.


Нападнат Беким Асани: Планирам да купам пиштол, не може кој како ќе стигне да ме тепа! was first posted on август 5, 2020 at 12:40 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....