3.8 C
Скопје
06:38 - 15 ноември, 2024

Од деветтиот круг на пеколот на семејното насилство, се излегува само со психолошка и финансиска поддршка!

Фирмите што ќе вработат жртви на семејно насилство да добијат даночни олеснувања, а жртвите да добијат економска независност и засекогаш да се оттргнат од оној кој им врши тортура е целта на Декларација што едногласно ја усвои Советот на општина Велес. Со овој документ се прави обид да се даде пример и иницијатива и други градови да го поддржат овој концепт, за потоа да се изменат неколку закони од страна на законодавниот дом.

Една од главните причини поради кои жртвите на семејно насилство повторно се враќаат во домот на насилникот, е тоа што економски зависат од него. Освен предрасудите и стереотипите што постојат, друга причина е тоа што имаат и нерешено стамбено прашање и тоа што се невработени. И сега во земјата има мерки за да се вработуваат овие жртви, но само во период од една година а не трајно. Освен тоа, има само едно психолошко советувалиште за оваа категорија граѓани и тоа во Скопје, нешто што не е поволно за жртвите од внатрешноста на кои им е потребна истата поддршка од социолози, психолози и други стручни лица што ќе им помогнат да ја надминат тешката ситуација во која се наоѓаат.

Весна Стојанова Богоевска е член на Советот на општина Велес веќе трети мандат и истовремено 23 години е професорка во средно училиште. Таа заедно со три други советнички, ја предложила оваа Декларација зашто од личното искуство како професор увидела дека тие што се насилни, ова поведение го пресликуваат и на потомството.

-Како педагошки работник, ми се има случено да забележам дека на еден од моите ученици значително му се влоши поведението. Кога ја викнав мајката на разговор, таа ми се отвори и ми призна дека трпи семејно насилство од сопругот дома. Кога ја прашав зошто не го пријави во полиција и зошто не го напушти домот и не отидат на некое побезбедно место, ми кажа дека нема каде да живее, дека не работи никаде, а проблем е и стигмата и патријархалното однесување. Подоцна тоа однесување се преслика и во нејзиниот син и тоа ми иницираше дека насилникот раѓа насилник. Самото ослободување на компаниите од давачки сметам дека би мотивирало голем број субјекти да поддджат и да вработат жени и жртви на семејно насилство, за жртвата да добие поддршка и да не се враќа во магичниот круг, вели за „Слободен печат“ Весна Стојанова Богоевска од Советот на општина Велес.

Со корона-кризата уште повеќе на површина исплива проблемот со семејното насилство. Статистиката на Министерството за внатрешни работи покажа дека за само три месеци, за 17 проценти пораснал бројот на лица што биле жртви на семејно насилство споредено со минатата година.

Според анализите на Хелсиншкиот комитет за човекови права, заклучно со септември 2019 година, во речиси 90 проценти од сите пријавени случаи на семејно насилство, жртвите биле жени. Од 709 пријавени случаи, 610 биле жени. Економската зависност на жените кои трпат семејно насилство е најголем проблем и предизвик за тие да се одлучат да побараат помош и е еден од основните фактори за прифаќање на семејното насилство. Во најчест случај, традиционалните норми, предрасуди, стереотипи и нискиот животен стандард, нерешеното станбено прашање, немањето основни средства за егзистенција се главната сопка да не се направи првиот чекор за излез од маѓепсаниот круг на пеколот.

Со Декларацијата за економска независност на жени жртви на семејно насилство од Советот на општина Велес се надеваат дека ќе се поттикнат работодавачите да вработуваат жени и девојки жртви на семејно насилство со што ќе се зголеми нивната социјална сигурност, ќе се влијае на надминување на родовиот јаз. Оваа Декларација за економска независност на жени и девојки жртви на семејно насилство ќе се достави до Заедницата на единиците н локалната самоуправа за добивање поширока поддршка и од Град Скопје а потоа да се изменат и неколку закони што ќе овозможат на централно ниво да почне да се спроведуваат целите.

– Според мене, новата влада предводена од СДСМ која и досега докажа дека е родово сензитивна, треба да изнајде начин и за решавање на другите прашања поврзани со жртвите на семејно насилство на кои им е потребна и психолошка помош која сега ја има само во едно психолошко советувалиште и тоа во Скопје. Сметам дека треба да се посвети поголемо внимание и на овој проблем кој може да се реши со отворање што поголем број вакви советувалишта во што поголем број градови, објаснува Стојанова Богоевска.

The post Од деветтиот круг на пеколот на семејното насилство, се излегува само со психолошка и финансиска поддршка! appeared first on Слободен печат.


Од деветтиот круг на пеколот на семејното насилство, се излегува само со психолошка и финансиска поддршка! was first posted on јули 30, 2020 at 11:47 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....