6.8 C
Скопје
07:59 - 18 април, 2024

Од „Али баба и 40 разбојници“ до обука на магариња: Собраниска седница без конструктивна дебата за задолжување на Македонија со 90 милиони евра

Во Предлог законот за задолжување на Македонија со заем од 90 милиони евра, кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за справување со ковид-19, власта прецизно да напише на што ќе се потрошат толку многу пари, побара опозицискта ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Се сомнева дека најголем дел од парите ќе завршат во приватни џебови или пак за поткуп на гласови за локалните избори догодина.

Во Предлог законот пишува дека само мал дел од парите ќе бидат распределени преку Министерството за здравство, а поголемиот преку Министерството за труд и социјална политика, вели Петар Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Само една третина е наменета за здравствениот сектор, другите ќе бидат распределени преку Министерството за труд и социјална политика за социјално загрозени и за луѓето кои ги загубиле своите работни места поради коронавирусот. Нема наведено кои здравствени институции ќе ги добијат овие средства. Во предлог законот пишува дека најмногу пари се наменети за обуки. Еве деновиве слушаме дека имало и обука на магариња. Сето тоа е арамилак и трошење на народните пари. Најголем дел ќе завршат во приватни џебови и за купување на мир во куќата. Пред локалните избори власта ќе дели социјални пакети и со тое ќе врши поткуп на гласови, вели Ристевски.

Од СДСМ контра дека заемот кај Светска банка е поради нужноста од коронавирусот, за помош на здравството и на граѓаните. Ја обвинија опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека го блокира заемот бидејќи и пречи помошта за 20.000 компании, се спасуваат 120.000 работни места и поддршка на здравството и здравствените работници.

– Зборувате за задолжување, дека не се знаело кај ќе се трошат парите. Камо среќа во 2014 госдина да кажевте зошто државата се задолжува една милајрада за „Скопје 2014“ и проблематичниот проект за патот Охрид – Кичево. Или, пак, да ни објасневте зошто ќе се трошат тие милијарди за да можеме вака да дебатираме. Ова што вие го кажувате дека е поткуп, е само враќање на парите на граѓаните, на здравството и на институциите за справување со коронавирусот. Зборувате дека ништо не сме направиле, освен за приватни џебови. Ако е така зошто преку аплицирани проекти парите се враќаат кај граѓаните и претпријатијата од угоситетелскиот, од транспортниот, од здравствениот сектор. Тоа не е поткуп, туку потреба да се излезе во пресрет на граѓаните и на стопанството, вели Жаклина Лазаревска од СДСМ.

Според Костадин Костадинов од СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ не му се рамни ниту Али баба и 40 разбојници во грабежот на државта. Заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека македонскиот буџет е пред банкрот.

– Буџетот на Македонија е ликвиден. Во текот на наредните денови ќе имаме ребаланс на буџетот во кој што е предвиден буџетски дефицит, што се наоѓа точно на нивото кое во просек го имаат и земјите на Европската Унија, поточно од 8,4 проценти. Ќе потсетам дека јавниот долг на Македонија се движи од помали кон поголеми проценти на задолжување, рече Ковачевски.

The post Од „Али баба и 40 разбојници“ до обука на магариња: Собраниска седница без конструктивна дебата за задолжување на Македонија со 90 милиони евра appeared first on Слободен печат.


Од „Али баба и 40 разбојници“ до обука на магариња: Собраниска седница без конструктивна дебата за задолжување на Македонија со 90 милиони евра was first posted on октомври 13, 2020 at 3:59 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....