12.8 C
Скопје
04:59 - 1 мај, 2024

Ќе ви влегуваат дома кога не знаете како да се однесувате надвор

Македонскиот народ секогаш имал проблеми со однесувањето и со постапките кои подразбираат колективна свест. За држава, која со години има проблеми со загаденост, дел од нашите сограѓани често не знаат ниту ѓубрето каде да го фрлат. Тогаш, воопшто не треба да зачудува начинот на кој што се справуваме со пандемијата, ниту пак мерките кои се воведени за да нѐ спречат да се убиеме самите меѓу себе.

Новите мерки подразбираат дека на посета не можат да ни дојдат повеќе од четворица гости. Искрено, ако за време на пандемија ви доаѓаат повеќе од четири луѓе во домот одеднаш, не е проблемот во државата. Бидејќи, која е поентата да не можете да ја прескокнете славата оваа година, ако има шанса таа слава да ви е последна што ќе ја прославите. Сепак, најголем број граѓани беа загрижени од тоа како полицијата ќе проверува колку гости имате дома и дали ќе им се наруши светоста на домот. Разбирлива загриженост, ако ситуацијата беше нормална. Но, пак ќе повторам, ова е пандемија, а вината што сме дојдени дотука, паѓа на секого.

Швеѓаните кои сите ги критикуваа за лесниот пристап кон пандемијата, по бројот на заразени и починати од коронавирусот не се разликуваат многу од другите земји, па дури и се подобри од некои држави каде мерките беа многу построги. Па, како успеа Шведска да избегне карантин и затворање на повеќето бизниси? Просто – имаа чувство за колективитет. Властите не им наредија, туку им предложија на граѓаните што е паметно да прават, а што не е. А тие, зачудувачки, ги послушаа. Најголемиот успех на шведската влада беше тоа што успеа да ги убеди граѓаните да ја прифатат ситуацијата и да соработуваат во борбата против вирусот, но без присилување и закони. Сепак, во Шведска социјалниот договор меѓу популацијата и Владата се темели на високо ниво на доверба, нешто што кај нас звучи како урбан мит.

Џабе се сите мерки на светот, џабе е карантин, џабе и ќе ни влегуваат дома. Доколку не прифатиме дека коронавирусот е реален и дека пандемијата е тука, тогаш ништо нема да има ефикасност. Бидејќи во моментот кога ќе ни биде дадена некоја слобода, повторно некои ќе се најдат во преполни клубови, каде со над четири гости ќе си дишат во вратот.

The post Ќе ви влегуваат дома кога не знаете како да се однесувате надвор appeared first on Слободен печат.


Ќе ви влегуваат дома кога не знаете како да се однесувате надвор was first posted on октомври 13, 2020 at 6:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....