9.8 C
Скопје
17:39 - 19 ноември, 2024

Од 9-ти, заедно со децата и инспекторите во градинките

На 9 септември околу 19.000 деца од Македонија ќе почнат да посетуваат градинка. Тоа е речиси половина од бројот на вкупно запишани деца во градинките, и потполно одговара на потребите на родителите. Ова денеска за Слободен печат го изјави Вера Ристевска, од секторот за детска заштита во Министерството за труд и социјална политика.

– Согласно протоколот, приоритет за прием на деца во градинките имаа децата на самохраните родители и децата чиишто родители се во работен однос, а работните задачи не ги извршуваат од дома. Станува збор за број од околу 19.000 деца, на ниво на држава, што е во согласност со нашите проценки и анализи. Тоа значи дека ние можеме да одговориме на потребите на овие деца, а дури и во некои градинки остануваат слободни места. Како ќе се пополнат тие места, оставивме да одлучат самите градинки, истакна Ристевска.

Таа додаде дека очекува интересот за прием на деца во градинка да се зголеми по завршување на мерката за ослободување од работните места, за родителите чии деца се запишани во градинка.

Инспекција уште на првиот работен ден

Санитарна и здравствена инспекција ќе ги посети сите детски градинки уште на 9 септември, со цел да се направи проценка околу почитувањето на протоколот. Најригорозни ќе бидат околу мешањето на деца од различни групи, а креветчињата за спиење ќе треба да бидат наместени на 1,5 метар растоание. Децата ќе треба да спијат глава-лице, што значи свртени обратно, а вработените ќе треба заштитни маски да носат постојано, информира Ристевска.

Приватните градинки се во загуба

И додека вработение во јавните детски градинки, добиваат редовна плата и покрај тоа што не се работно ангажирани, вработените од приватните детски градинки се на „минималец“ поради неможноста на сопствениците да им исплатат цела плата. Севдалина Харис од детската градинка „Британска детска академија“, истакна дека имаат тешкотии да ја отворат градинката, бидејќи, како што вели, откако се затворени имаат трошок од 10.000 евра.

– Бараме од државата да ни даде финансиска помош за исплата на платите за јуни и август. Имаме 13 вработени, и се соочуваме со тешкотии да им исплатиме плата. Ако може државата да им исплатува плати на сите вработени во државните градинки, зошто да не ни помогне и нас? Јас направив една анализа, од која произлезе дека трошокот за исплата на платите за еден месец во државните градинки е еднаков на трошокот на исплата на плати за цела години, во сите приватни градинки, потенцира Севдалина Харис.

The post Од 9-ти, заедно со децата и инспекторите во градинките appeared first on Слободен печат.


Од 9-ти, заедно со децата и инспекторите во градинките was first posted on септември 2, 2020 at 11:14 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....