2.8 C
Скопје
21:21 - 18 декември, 2024

Ново истражување: Коронавирусот во Њујорк пристигнал многу порано од што се мислело

Нови истражувања покажуваат дека коронавирусот во Њујорк почнал да кружи на средината на февруари, неколку недели пред првиот потврден случај да се појави, и дека во поголем дел бил донесен од патници од Европа, а не од Азија, објави Њујорк Тајмс.

„Поголемиот дел е очигледно од Европа“, рекол Харм ван Бакел, генетичар на приватниот факултет за медицина во Њујорк, Ицахн, кој е коавтор на студијата.

Истражувањата откриле дека вирусот почнал да се шири порано од што се мислеле, а тоа можело да се открие со агресивно тестирање.

Доцна реакција

По избивање на епидемијата во Вухан, американскиот претседател Доналд Трамп, на 31 јануари забрани влез во земјата на странци кои претходните две недели биле во Кина.

Меѓутоа, Италија, почна да затвора градови дури на крајот на февруари, а Трамп на 11 март рече дека е забрани влез на странци од повеќе европски земји. Но, жителите на Њујорк тогаш веќе се враќале дома со вирусот.

„Луѓето за тоа не беа свесни“, рекла Адриана Хегај од тимот на експерти што го истражувале тоа.

Хегај и Ван Бакел се експерти за истражување на историјата на вирусот. Анализираат генетски материјал на вирусот од примероците на илјадници пациенти.

Вирусите ја напаѓаат станицата и превземаат контрола над нејзината машинерија, која потоа го множи вирусот.

Процесот е брз и неправилен. Новите вируси можат да создадат мутација која не била присутна претходно. Ако новиот вирус успее да избега од домаќинот и да зарази други луѓе, неговите потомци ќе ја наследат таа мутација.

Повеќе од 1,6 милиони заразени

Од 8 април на светот се потврдени 1.6 милиони случаи на Ковид-19, а вистинскиот број е најверојатно многу поголем.

Ана Силвиа Гозалес-Рајхе и нејзините колеги од факултетот во Њујорк откриле дека вирусот во Њујорк е практично идентичен со тој што е откриен во делови на Европа.

Не можам да речам со кој точно лет одреден вирус стигнал од Европа во Њујорк, но наводите откриени со новото истражување на вирусот покажуваат „непрекинат период на пренесување од крај на јануари до средина на февруари“.

Најголемиот американски експерт за заразни болести Антони Фауци изјавил дека тоа е „веројатно точно“.

„Патувањата од Кина веднаш ги запревме, но Европа стана епицентар релативно брзо, посебно во Северна Италија“, вели тој.

„Имајќи ја во предвид количината на воздушен сообраќај од Италија за Њујорк, не е воопшто изненадување дека вирусот тука ненамерно бил раширен пред да знаат што се случува. Тоа е една од причините зошто сме во волку тешка состојба“, дополнил експертот.

The post Ново истражување: Коронавирусот во Њујорк пристигнал многу порано од што се мислело appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....