На Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ се објавени нови аудио снимки.
На првата носителот на изборната единица 3 Игор Јанушев во разговор со екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески зборуваат за списоци со гласачи.
„МИОА наводно списокот што си го внесол ти како МИОА немало врска со нас“ вели Јанакиески, а Јанушев иронично одговара „сигурно“.
„Шефе, 20 луѓе има што се бележени како МИОА, значи тие што се бележени 20, ако дале 100, значи 80 се покопуваме“. Јанакиески по разговорот му вели: „УМС ќе ти стаи петка утре“, на што Јанушев одговара: „Ама ако УМС ми даде утре пет, ќе отидам на Јоцо да му лупнам една. Петок е утре. Кога ќе ги завршиме тие 500?“, вели Јанушев во снимката.
Додека во вториот тие зборуваат за „Мапирани списоци“ на вработени кои треба да гласаат на избори.
Во разговорите се слуша како Јанушев зборува за обезбедени гласачи.Во еден момент тој зборува за физички напад за нивна колешка од општински комитет за која вели дека ќе и удри „бокс во фаца“.
Линк до првата снимка.
Линк до втората снимка.
The post Нови аудио „бомби“: Јанушев во разговор со Јанакиески се заканува со физички напади appeared first on Слободен печат.
Нови аудио „бомби“: Јанушев во разговор со Јанакиески се заканува со физички напади was first posted on јули 3, 2020 at 12:05 pm.