Протестите поради бруталното полициско убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис траат веќе десетти ден, а полицијата синоќа во Бафало во сојузната држава Њујорк повторно употреби прекумерна сила.
Двајца полицајци со палка турнаа на земја еден демонстрант, повозрасен човек (75), кој падна на земја, а тие поминаа покрај него.
„Ројтерс“ пренесува дека на видео снимките на локалната радио станица се слуша звук сличен на пукање на коски, а потоа се гледа како срушениот демонстрант крвари од главата.
Се гледа и како кордонот продолжува да се движи, а полицаецот кој го удрил се наведнува над него се додека еден колега не го повлекува за рака и го отргнува од тоа место.
Се слуша и како некој повикува итна помош, а локалното радио во својот извештај потврдува дека итната помош во меѓувреме пристигнала и помогнала повредениот човек да се внесе во возилото и подоцна објави дека тој се наоѓа во стабилна состојба.
Двајцата полицајците веднаш се суспендирани, а снимката од Бафало предизвка бес на социјалните мрежи, каде многумина го осудија потегот на полицајците.
The post НОВА ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА ОД САД: Полицајци удрија и срушија 75-годишен маж на земја (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
НОВА ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА ОД САД: Полицајци удрија и срушија 75-годишен маж на земја (ВИДЕО) was first posted on јуни 5, 2020 at 10:57 am.