-0.2 C
Скопје
07:31 - 20 декември, 2024

Нова статистика открила страшна аномалија на коронавирусот: Овие групи се најпогодени

Коронавирусот не почитува граници, но не ги погодува еднакво сите групи на луѓе. Различни фактори влијаат на ранливоста на различни групи, укажува Би-Би-Си и наведува дека некои од тие нееднаквости ја вклучуваат и расата.

Во Чикаго 72 отсто од луѓето кои од почетокот на април починале од коронавирусот биле црнци, иако црната раса ја сочинуваат само третина од жителите во градот.

Во Велика Британија, од 1.249 пациенти со потврден Ковид-19, 35 отсто не биле бела раса, а во Англија и Велс, според последниот попис на жителите, оние кои не се од белата раса сочинуваат 14 отсто од жителите.

Би-Би-Си како прва причина зошто различни раси се повеќе погодени од вирусот ја наведуваат нееднаквоста во висината на приходи. Во многу земји каде има повеќе белци како САД, луѓето од другите етнички и расни групи имаат помал пристап до економските ресурси, односно помалку заработуваат.

Дури и пред пандемијата на коронавирусот, 91,1 отсто од домаќинствата во Јужна Африка кои се загрозени со глад ги сочинувале црнци, иако белците сочинуваат 7,9 отсто од жителите.

Во САД, на пример, Афроамериканците имаат поголема веројатност да заболат од дијабетес, срцеви болести и хипертензија, а луѓето кои ги имаат тие заболувања имаат поголема веројатност да развијат тешки симптоми на Ковид-19

Би-Би-Си укажува дека тоа значи дека одредени групи се повеќе погодени од економските последици на коронавирусот.

Економската нееднаквост не е единственото што повеќе ги погодува одредените групи. Би-Би-Си наведува дека голем број на домаќинства од етнички малцинства во Северна Америка и Европа живеат во близина на депонии, а дека училиштата со голем удел на ученици од малцинства се сместени во близина на автопати и индуструски локации, што исто така влијае на здравјето на респираторните органи.

Покрај тоа, низ светот одредени расни и етнички групи се непропорционално застапени во ризичните професии.

На пример, 26,4 отсто од персоналот за транспорт во Лондон е од малцински заедници, а во САД земјоделците се често мигранти од Јужна Америка и на нив не им е обезбедена сигурност во работата бидејќи е тешко да се обезбеди физичка дистанца на полиња и изолација во кампови за земјоделски работници, наведува Би-Би-Си

Разликите во начинот на живот исто така влијае на тоа различни групи различно да се погодени од коронавирусот. Пренатрупаност веројатно влијае на тоа колку некоја група е ранлива.

Резултатите од едно истражување покажуваат дека во Најроби 85 отсто од испитаниците рекле дека немаат место во својот дома да изолираат болна личност, а дека 82 отсто од нив не би можеле да останат дома 14 дена, главно заради губење на приходите. Исто така, 37 отсто испитаници тешко би можеле да мијат раце често, заради недостаток на вода.

На ранливоста на одредени групи влијаат и јазичните бариери, наведува Би-Би-Си и укажува дека во почетокот на пандемијата на коронавирусот поголем дел од упатствата на здравствените институции биле на доминатните јазици.

The post Нова статистика открила страшна аномалија на коронавирусот: Овие групи се најпогодени appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....