3.8 C
Скопје
06:17 - 21 декември, 2024

Ни оставија само кондоми, лубриканти и лосиони за ќелавост

На 25 март пред повеќе од 20 години, добро се сеќавам дека татко ми ме испрати да купам шеќер бидејќи ни снемало, а требаше гости да ни дојдат вечерта па да ги понудиме со кафе.

Во тоа време живеевме во скопската населба Острово, во близина на Новата железничка станица. Како по навика, виспрено влетав во колонијалчето сместено во нашата зграда. Велам добар ден и барам еден килограм шеќер. Нема, ми вели продавачката, а јас, иако ми е малку чуден начинот на кој таа ми се обрати, со чекор на младо момче истрчувам од продавничката и се упатувам кон следната. Битно е да се напомене дека во тоа време во Скопје, во секоја зграда имаше најмалку по еден минимаркет, во кои ако ништо друго, секогаш имаше шеќер, зејтин, кафе и паштети. Но, тој ден немаше ништо. Ни квасец ни бисквити. 30 продавници подоцна најдов едно мало пакување шеќер во коцки, а на амбалажата пишуваше нешто на турски или, пак, можеби на арапски јазик.
Добро се сеќавам на ова мое купување шеќер, иако тоа се случи пред повеќе од 20 години, бидејќи ден претходно почнаа авионападите на НАТО, вперени против СР Југославија. Во 1999 година војната во соседството доведе до крупни геополитички и геостратешки промени во Европа, но во Македонија тоа се манифестираше со недостиг на храна, лекови, средства за хигиена, тоалетна хартија и алкохол. Додека во Белград паѓаа бомби, во Македонија се складираше брашно, масло, шеќер, кафе, иако немаше никаква опасност по нашата земја од војна.

20 и повеќе години подоцна во Скопје е регистриран првиот случај на коронавирусот ковид-19. Од надлежните институции правовремено се лиферуваат мерките на претпазливост, кои главно се однесуваат на личната хигиена и избегнувањето на посета на места каде што вообичаено се собираат поголеми групи луѓе. Сепак, првата реакција на Македонците беше да влетаат во супермаркетите и аптеките и да ги испразнат рафтовите, тискајќи се во долгите редови пред касите за наплата, сомнително гледајќи го секој што ќе поткашла. Повторно се купува брашно, масло, шеќер и кафе, иако овие производи немаат никаква врска со заштитата од коронавирусот. Хируршките маски се разграбани од аптеките, иако не штитат од вируси. Јасно е кажано дека такви маски треба да носат веќе заразени лица, со цел да се спречи ширењето на вирусот. Попусто.

По 20 и повеќе години од епизодата со шеќерот, влегувам во најблиската аптека за да купам влажни марамчиња, кои ги користам за редовно одржување на мојата печка на пелети. Немаше потреба воопшто да ги прашам вработените дали имаат марамчиња, бидејќи на рафтовите во аптеката можеа да се пронајдат само кондоми, лубриканти и понекој лосион за ќелавост. Слегнав со рамената, си дојдов дома и печката ја исчистив со едно крпче што претходно го намокрив со вода од чешма. Едноставно премногу сум искусен за да се борам со хистеричните напади на мојот народ и наивно да пребарувам по аптеките, барајќи марамчиња што завршиле во домашните складишта.

The post Ни оставија само кондоми, лубриканти и лосиони за ќелавост appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....