Бурата „Алекс“ што протатне низ Франција нанесе огромна материјална штета и одзеде два човечки живота, но властите стравуваат дека човечкиот биланс од несекојдневната елементарна непогода ќе биде далеку поголем со оглед дека 18 лица се водат како исчезнати од попладнево, како и двајца припадници на спасувачките екипи.
Преполните реки се излеаја од своите корита, а водата носеше се пред себе, пред сè, во областите Алп Маритим и Вар во околината на Ница.
Невремето од огромни размери ноќеска однесе и преку сто куќи додека дел објекти се нишаа над провалија.
– Ваква катастрофа досега сме немале, изјави градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози.
Железничкиот сообраќај во тој дел на Франција е во прекин, бројни патни правци се отсечени, а неколку мостови се урнати.
The post Незапамтено невреме во Франција: Бурата „Алекс“ уриваше мостови, носеше куќи, има и жртви (ФОТО) appeared first on Слободен печат.
Незапамтено невреме во Франција: Бурата „Алекс“ уриваше мостови, носеше куќи, има и жртви (ФОТО) was first posted on октомври 3, 2020 at 7:31 pm.