Прес конференцијата во Торино, пред Дејвис куп мечот меѓу тениските репрезентации Италија и Јужна Кореја се одржа во невообичаена атмосфера.
Растојанието меѓу новинарите и тенисерите поради епидемијата од коронавирусот беше најмалку еден метар.
Мечот почнува во текот на утрешниот ден, а ќе се игра и в сабота и в недела, но како што е веќе познато ќе се одржи без присуство на публика.
Италија и Кореја се меѓу земјите со најголем број зарезени од „Ковид 19“.
Спортските настани во Италија еден месец до 3. април ќе се одржуваат зад затворени врати.
The post Невообичаен прес: Растојанието меѓу новинарите и тенисерите најмалку еден метар! appeared first on Слободен печат.