16.8 C
Скопје
18:00 - 25 март, 2026

Неверојатно откритие: На месечина на Сатурн забележан клучниот елемент во создавањето на животот на Земјата

Научници од САД открија дека фосфорот – клучен елемент во создавањето на животот на Земјата, го има и во океанот под ледената површина на Енцелад –  еден од природните сателити на планетата Сатурн.

Ова откритие се заснова на анализата на податоците собрани од сондата „Касини“ на НАСА, а објавено е во престижното научно списание „Нејчр“ (Nature).

– Ова е неверојатно откритие за астробиологијата. Пронајдовме изобилство на фосфор во примероците мраз кои избиваат од подземниот океан, изјави Кристофер Глен од Југозападниот истражувачки институт.

Гејзерите на јужниот пол на Енцелад исфрлаат парчиња мраз преку пукнатините на површината и на тој начин се лепат на прстените на Сатурн. Научниците претходно забележаа одредени други минерали и органски соединенија во тој мраз, но не и фосфор, којшто е суштински елемент за градењето ДНК и РНК и се наоѓа во коските и забите на луѓето, животните, па дури и кај океанските планктони.

– Геохемиското моделирање претходно предвиде дека фосфорот најверојатно ќе биде присутен и тоа предвидување се оствари, но едно е да се предвиди нешто, а друго да се потврди, рече Глен.

Сондата „Касини“ почна да го истражува Сатурн и неговите прстени и месечини во 2004., пред да изгори во атмосферата на гасовитиот џин кога нејзината мисија заврши во 2017 година.

Слични објави

(Видео) Се налути Марјан Коцев: Ме викаат на свадби, а ми забрануваат да пеам мои песни

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

(Фото) Викна обожавател на сцената, па се изненади: Џенифер Лопез урнебесно реагираше на настапот во Лас Вегас

Еспресо

„Ана Николиќ е навистина напорна“ – Познатиот дизајнер за драмата со пејачката: „Веднаш ја блокирам“

Еспресо

Аца Лукас не ја смета Цеца за идеална жена: „Јас сакам паметни жени, а рурални жени не ме интересираат“

Еспресо

(Фото) Во шорцеви на настап: Маја Панчева никогаш не изгледала подобро

msp-admin
Се вчитува....