7.8 C
Скопје
14:31 - 22 декември, 2024

Нема плажа, гиро и суфлаки во Грција барем до 15 јуни

Туристичките агенција ги отворија канцелариите, ама нови резервации за патување во Грција не прават. Тие будно ја следат состојбата со коронавирусот и чекаат на здравствените власти и регионалните договори за да видат како ќе профункционира туризмот што секое лето ги полни грчките плажи.

Во меѓувреме министерот за здравство Венко Филипче отпатува на состанок со грчкиот колега на кој ќе дискутираат кога и како ќе се отвараат границите и како ќе се регулира аеродромскиот сообраќај.

Повеќе авиокомпании почнаа да продаваат авиобилети што ги купија нашинци во странство, но не успеаа да ги реализираат зашто скопскиот аеродром не е отворен. На состанокот во Атина Филипче ќе дискутира со својот грчки колега за тоа како ќе се одвива патувањето, аеродромскиот и сувоземниот сообраќај по олабавувањето на мерките за спречување на коронавирусот. Како што посочи тој, доаѓа предвид да се воведе задолжително тестирање на сите што ќе влезат и излезат од државата.

Во меѓувреме Европската Комисија излезе со одлука да се затвори патувањето во Грција за уште еден месец, односно до 15 јуни освен за земјите од ЕУ и од Шенген зоната. Министерот за надворешни работи Милтиадис Варвициотис во интервју за грчката телевизија Мега, рече дека до 15 јуни нема да може да се примат туристи од трети земји во Грција.

Македонски државјани во странство веќе имаат купени авио билети за враќање во Македонија кои им пропаѓаат, а дилема е и дали ќе треба да се тестираат за коронавирус пред патување, колку време пред патувањето ќе треба да го сторат тоа, како и самиот протокол на движење на аеродромите.

Министерот Филипче рече дека сите дилеми се легитимни, со оглед на тоа што авиотранспортот веројатно нема да функционира на досегашниот начин, чекирањето и безбедносните процедури ќе бидат поспори поради сите заштитни мерки за спречување на ширење на вирусот.

– Сето тоа ќе зависи од политиката на авиокомпаниите и од тоа како ќе се организираат државите со аеродромите. Според сегашните најави, многу тешко авиосообраќајот ќе се врати онаков каков што беше. Нема за кратко време да има пристап до аеродромите и поминување на безбедносните процедури. Сега најавите се дека тоа ќе трае подолго време. Целта на состанокот во Атина е ова, но уште поважно, сувоземниот сообраќај со оглед на големиот број на граѓани што патуваат и транзитираат и се задржуваат во нашата земја во одредени места или пак поминуваат неколку денови, рече Филипче.

Во моментов постојат различни ставови на земјите. Некои бараат тестирање пред патување, други нема да бараат и затоа во Атина на состанок треба да се договори координиран пристап за да не се бара едно нешто во една држава, а друго нешто во друга држава.

– Дел од соседните земји најавија отворање на границите и затоа е важно да се има координиран пристап за транзитот на патниците, здравствените протоколи за побрзо и побезбедно патување летово, истакна Филипче најавувајќи дека наскоро Македонија повторно ќе го отвори транзитниот коридор север југ кој во летните месеци е оптоварен.

Министерот додаде дека во предвид доаѓа граѓаните да се тестираат за коронавирус неколку дена пред патувањето.

– Кои ќе бидат иницијалните ставови? Сега во предвид доаѓа тестирање во важност неколку денови меѓутоа тоа не е гаранција. Може да е некаква сигурност. Се поставува прашањето кои резултати, какви резултати, кои тестови и колку време треба да важат и што ако околните земји имаат друга политика. Верувам дека ќе биде добра координативна средба, за чии заклучоци ќе информирам веднаш по завршувањето, посочи Филипче.

Министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис во интервју за Би Би Си, кое го пренесе МИА објаснува дека за отворањето на границите постои дискусија со здравствените експерти кои ќе го имаат последниот збор.

Се стремиме да отвориме во некој момент во јули. Ова не може да биде за сите земји, за сите дестинации, го признавам тоа, но би требало барем да се обидеме да отвориме билатерална комуникација и патувања со некои земји. Сега сме во процес на разработка на протоколите кои ќе бидат доставени до експертскиот комитет и се надеваем дека ќе ни дадат одобрение постепено да отвораме, рекол Теохарис за Би Би Си.

За јавноста викендов во Грција ќе се отворат 515 плажи, но со забранет спорт, музика и алкохол, а на илјада квадрати ќе може да има само 40 луѓе. Меѓу секој чадор за сонце ќе мора да има дистанца од 4 метри со две лежалки заедно, а во рестораните храната ќе може само да се подигне. За непочитување на прописите предвидени се казни до 20 илјади евра.

Грција од 1 јули ќе биде подготвена да прими странски туристи

The post Нема плажа, гиро и суфлаки во Грција барем до 15 јуни appeared first on Слободен печат.


Нема плажа, гиро и суфлаки во Грција барем до 15 јуни was first posted on мај 15, 2020 at 2:42 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....