-5.2 C
Скопје
01:44 - 23 декември, 2024

Некои граѓани не ја есапат изолацијата: Прво отишол на тестирање, па низ град, па на матичен лекар, па позитивен резултат!

Матични лекари за ,,Слободен печат” сведочат дека дел од пациентите откако ќе се тестираат за присуство на коронавирусот, наместо да се изолираат дома и таму да го чекаат резултатот од тестирањето, се појавуваат во нивните ординации, ги посетуваат работните места, излегуваат и слободно се движат, што резултира со тоа што тие остваруваат огромен број на контакти додека да дознаат официјално дека се позитивни. Ова прави трансмисијата на коронавирусот во земјава да биде широка и во ризик ги доведува сите граѓани. 

-Кај мене вчера на врата по упат дојде човек, кој денеска од ,,Мој термин” разбрав дека е позитивен. Вчера отишол на тестирање, па потоа низ град, па кај мене, па кој знае каде уште не, а денеска е позитивен. И ова е трети или четврти таков случај за една недела, вели доктор Љиљана Којиќ, матичен лекар од Скопје.

Таа додава дека откако ќе се тестираат, граѓаните доаѓаат во матичните ординации да завршат некоја административна работа без воопшто да кажат дека се тестирале.

-А некои прашуваат и дали можат да одат до продавница иако се позитивни а уште не добиле решение, додава доктор Којиќ.

И матичните лекари од внатрешноста се соочуваат со истите ситуации. Покрај ниската свест за совесно однесување и ниската свест за самоизолација е главната причина што има голем раст на новозаразените. Лекарите го посочуваат и вакуум периодот на позитивни случаи кои во меѓувреме слободно се движат зашто по неколку денови чекаат за тестирање и за спроведување на епидемиолошката анкета. Во одредени ситуации, епидемиолозите не можат да постигнат да ги завршат анкетите, а на некои блиски контакти воопшто не им даваат препорака за изолација, така што се останува на совеста и свесноста на контактите.

Владата со уредба со законска сила уште на почетокот на летото донесе одредба сите што чекаат резултат од тестирањето за Ковид, до добивањето на резултатот да бидат дома изолирани. Но, без соработка од граѓаните, контролата на ваквата мерка е тешка мисија.

Во последните измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, се предвиде секој што нема да остане дома од тестирањето до добивањето на резултатот, да се казни со педесет евра. Меѓутоа, граѓаните што се тестираат, всушност додека да добијат позитивен резултат, во тој вакуум период немаат никакво решение за изолација и нејасно е како ќе се контролира дали заминуваат право дома, или заминуваат слободно да се движат во продавници, на работните места потенцијално позитивни.

Светската здравствена организација исто така го препознава ова како огромен проблем кој придонесе пандемијата да се рашири на глобално ниво.

Во екот на вториот бран на пандемијата со корона вирус и наглиот пораст на бројот заразени во Европа и во САД, шефот на службата за итни здравствени ситуации на Светската здравствена организација, Мајкл Рајан на властите им порача да ги ставаат контактите на заразените во изолација.

„Кога би имал право на една желба, со цел подобрување на само една работа која можеме навистина да ја поправиме и да ја смениме состојбата, тоа би било да се осигура дека секој поединец кој бил во контакт со заразен да биде ставен во карантин доволно долго, за да се прекине синџирот на пренос“, рече Рајан на конференција за новинарите во Женева.

„Мислам дека тоа не се правеше ниту пак се правеше на системски начин, и тоа е една од главните причини поради кои сега имаме така високи бројки“, рече тој.

Изминатава недела процентот на позитивни од направени тестови се движи меѓу 25 и 30 проценти. Секој трет од тестираните е позитивен на вирусот. Активни се 8587 случаи на ковид во земјава, а досега од почетокот на пандемијата починаа 977 лица. Излекувани се 19.994 пациенти.

Поради тоа што ПМ 10 честичките од традиционално загадениот воздух во земјава според некои научни студии можат да бидат трансмитери на коронавирусот, власта воведе задолжително носење маски насекаде и за сите, освен за деца до шест години и освен ако граѓаните не се дома, сами во автомобил или ако не спортуваат.

The post Некои граѓани не ја есапат изолацијата: Прво отишол на тестирање, па низ град, па на матичен лекар, па позитивен резултат! appeared first on Слободен печат.


Некои граѓани не ја есапат изолацијата: Прво отишол на тестирање, па низ град, па на матичен лекар, па позитивен резултат! was first posted on октомври 29, 2020 at 7:50 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....