-0.2 C
Скопје
01:05 - 19 декември, 2024

Не треба да стравуваме за македонското потекло на ајварот (ИНФОГРАФИК)

Брендот со географско потекло „македонски ајвар“ веќе долги години е меѓународно заштитен и нема опасност да се загуби придавката македонски, велат од Државниот завод за индустриска сопственост. Оттаму објаснуваат дека меѓународна заштита за географско потекло имаат 5 македонски производи, но само ајварот ја има придавката „македонски“. Меѓународно регистрирани македонски географски ознаки има вкупно пет и тоа – македонски ајвар, кривопаланечки мед, дисан, кочански ориз и охридски бисер, додека вкупниот број македонски компании и институции кои имаат меѓународно регистрирани трговски марки е 344.

– Заштитата на географското потекло предвидува посебна процедура, посебен елаборат за подрачјето… Ние практично водевме меѓународна постапка пред Светската трговска организација. Употребата на географска ознака е потврда дека производот поседува одредени квалитети, дека е направен според традиционални методи и дека е специфичен поради географското потекло. Тоа е завршена постапка и никој не може да ни ја одземе – објаснува Симчо Симјановски од Државниот завод за индустриска сопственост.

Тој вели дека по склучувањето на Преспанскиот договор, во јуни 2018 година, нема нови постапки за географско потекло на производите и дека незначителен број приватни фирми во овој период регистрирале трговска марка во која е содржан зборот „Македонија“, на англиски „Macedonia“, или ознаката „MK“.

– Со „Македонија“ во 2019 година има 35 трговски марки, со „МК“ 18 и со „Macedonia“ 19. Но, на пример, 15 регистрации се од „Македонска пошта“, која стана „Пошта на Северна Македонија“, а која регистрираше и други свои трговски марки. Исто така „Електрани на Македонија“ станаа „Електрани на Северна Македонија“…Значи, станува збор за многу институции или претпријатија што во своето име го содржеле зборот Македонија, а сега е направена нова регистрација на трговска марка со Северна Македонија – вели Симјановски.

Тој вели дека овие компании всушност и не морало да го заштитат името како трговска марка.

– Со трговска марка се заштитува некој производ или услуга за да се знае дека станува збор точно за него, да не се доведат потрошувачите до заблуда. Секако, компаниите или институциите може од иста причина да го заштитат своето име, но тоа не задолжително – објаснува Симјановски.

За користењето на името Македонија, како дел од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитните знаци, согласно со Спогодбата од Преспа, треба да решава меѓународна група на експерти, која е формирана во 2019 година, со мандат од три години.

На крајот од 2018 година имало вкупно 14.556 трговски марки на македонски субјекти, 79 го содржеле зборот Македонија, 77 англиската верзија на името Macedonia, а придавката македонски ја содржеле 12 регистрирани трговски марки. Кратенката МК до тогаш била содржана во вкупно 93 случаи, а кратенката МАК во 35.

The post Не треба да стравуваме за македонското потекло на ајварот (ИНФОГРАФИК) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....