26.8 C
Скопје
17:35 - 29 април, 2024

Над 1.200 студенти на Универзитетот во Алабама се позитивни на Ковид-19

Од почетокот на пандемијата на Ковид-19, повеќе од 1.200 студенти на Универзитетот во Алабама се заразени со коронавирусот.

Само од 25 август, Ковид-19 е дијагностициран кај 481 студент. Учебната година почна на 19 август, потсетува Би-Би-Си.

Од Универзитетот изјавија дека ниту еден од заразените студенти не биле хоспитализирани како последица од Ковид-19.

За да се спречи ширењето на коронавирусот, претседателот на Универзитетот Алабама Стјуарт Бел преку писмо апелираше да се носат маски и да се држи социјална дистанца, во и надвор од кампусот.

„Во овие тешки времиња, мораме да бидеме обединети и целосно посветени во нашата борба против Ковид-19. Верувам дека ќе бидеме успешни овој семестар и сите сакаме да останеме на кампус низ целата есен, но тоа можеме да го направиме само со вашата помош“, рече Бел.

The post Над 1.200 студенти на Универзитетот во Алабама се позитивни на Ковид-19 appeared first on Слободен печат.


Над 1.200 студенти на Универзитетот во Алабама се позитивни на Ковид-19 was first posted on август 30, 2020 at 9:55 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....