0.8 C
Скопје
00:05 - 22 декември, 2024

Мрачно предвидување: Пред 2050 година Северниот пол ќе остане без мраз, лошо им се пишува на Америка и Европа

Дури и кога емисијата на штетни гасови во овој момент радикално би се намалила, до 2050 година би исчезнал голем дел од таканаречениот „летен мраз“ на Арктикот, односно глечерите кои ги преживуваат и потопли температури од зимските, покажуваат новите истражување кои ги зачудија научниците, а според кои влијанието на гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина се толкави што нѝ се заканува катастрофа.

Проценките одат до таму што се вели дека е можно мразот на Арктикот целосно да исчезне, дури и во студените зимски месеци, што научниците го опишуваат како „можна катастрофа“.

Ваквите анализи последен пат се правени во 2013 година кога е утврдена опасноста дека мразот на Арктикот би можел да се топи веќе во септември, со оглед на влијанието на гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина. Меѓутоа, новите студии базирани на повеќе од четириест компјутерски модели, покажуваат дека состојбата е полоша, известува „Гардијан“.

Опасност од поплави

Од 1979 година, од кога состојбата се следи по пат на сателити, Арктикот изгуби околу 40 отсто од територијата прекриена со „летен мраз“, односно околу 70 отсто од нејзината површина. Минатата година тој мраз беше на второто најниско ниво во историјата. Загубата на мразот значително влијае на состојбата во океанот. Не само што се зголемува температурата на морето, што е голем проблем за целиот екосистем, туку топењето на ледот придизвикува и поплави ширум Америка и Европа, пренесува Јутарњи лист.

– Загрижувачки е што моделите покажуваат дека би можело да има лета без мраз на Арктикот и пред 2050 година, целосно независно од тоа кои мерки се преземаат. Ова е неочекувано и исклучително загриѓувачко, вели Ед Блокли, раководител на британската поларна климатска програма кој е еден од научниците вклучени во истражувањето.

Еден од координаторите на анализате е и професор Дирк Ноц од Универзитетот во Хамбург.

– Дури и ако глобалното загревање го одржување на ниво под два степени Целзиусови, арктичкиот мраз повремено ќе исчезне до 2050 година, рече тој.

Новото истражување е објавено во магазинот “Geopshysical Researsh Letters”, а во него учествувале 21 институти од целиот свет. Се наведува дека тоа „не е совршено“, но покажува јасни знаци кои треба да ги сфатиме како предупредување.

epa07909800 Landscape near Thule Air Base, the United States Air Force’s northernmost base, located 1,207 km (750 mi) north of the Arctic Circle, on the northwest coast of the island of Greenland, 08 October 2019 (issued 10 October 2019). EPA-EFE/Ida Guldbaek Arentsen DENMARK OUT

Научниците се посебно загрижени поради брзината на топењето на мразот на Арктикот.

– Зима без мраз на Арктикот би била апсолутна катастрофа, посебно за животинските видови како поларните мечки кои живеат и ловат во околината на мразот – додава Блокли.

Тил Вагнер од Универзитетот Северна Каролина додава дека губењето на мраз на Арктикот би можел да создаде „нов океан“ на човечката експлоатација на природата, зошто на Арктикот би можел да се развива туризам, да се зголемат бројот на бродови и да порасне експлоатацијата на нафта и гас во арктичкиот поларен круг.

Порака на надеж испраќа професорот Џејмс Скрин од Универзитетот во Ексетер.

-Важно е да сфатиме дека нам во сите овие сценарија ќе ни се случуваат лета без мраз на Арктикот до 2050 година. Но високите емисии на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина ќе доведе го тоа таквите лета да се вообичаени, а помалите емисии ќе предизвикаат да бидат спорадични – заклучи тој за „Гардијан“.

The post Мрачно предвидување: Пред 2050 година Северниот пол ќе остане без мраз, лошо им се пишува на Америка и Европа appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....