3.8 C
Скопје
23:58 - 20 декември, 2024

Моќниците го потценија коронавирусот: Трамп и Путин преку ноќ се соочуваат со рапиден број на заболени во своите држави

Соединетите Американски Држави се на пат да станат следниот епицентар на коронавирусот. Вака гласи песимистичката прогноза на СЗО по најновите бројки кои велат дека изминатиов период повеќе од 1000 Американци починале, а инфицирани се 60.000 луѓе… Повеќе од половина од населението во САД се во изолација, па според бројот на заразени лица, САД сега се наоѓаат на трето место по Кина и Италија.

Во меѓувреме, Шпанија и Италија ја престигнаа Кина по бројот на починати од последиците на коронвирусот.

Италија за викендов се очекува да го доживее врвот на епидемијата, а Шпанија поради билансот на 738 смртни случаи во изминатото деноноќие беше принудена да ја продолжи вонредната состојба. Одлуката на повеќето држави да воведе вонредна состојба, полициски час и да ја извади армијата на улиците само укажува колку состојбата со коронавирусот е сериозна и колку судејќи според бројките на заразени и починати, можеби реакциите се задоцнети.

Во светот досега починаа повеќе од 21 илјада луѓе од коронавирусот, а заразени се повеќе од 470 милиони луѓе. Бројни држави меѓу кои Италија и Индија се во целосна блокада. Индија со околу една милијарда население би можела да биде следното големо жариште на коронавирусот што дополнително би ја искомплицирало и онака сложената состојба со пандемијата на коронавирусот.

Се поставува прашањето дали доколку навремено се реагираше, ќе можеше да се сузбијат последиците и воопшто да се спречи оваа пандемиј? Политиката сега го игра своето, ако се земе  предвид дека има одредени обвинувања за тоа кој е виновен или кој крие информации за вистинската состојба со бројката на заразени. Кина, која како светско жариште од каде што тргна пандемијата, полека ја сузбива и судејќи според опаѓачката бројка на новозаразени, го победува коронавирусот, сега го дава своето искуство за другите држави како да се справат со вирусот.

Другите суперсили, пред сè САД, како да не се подготвени да ги слушаат овие совети и искуства, туку возвраќаат со обвинувања дека комунистичкиот режим во Пекинг крие информации за вистинските бројки на заразени.

Русија има бројно население, а пријавува мал број на заболени, што е нереално. Ја игнорира пандемијата и речеиси да не презема мерки. Сè до денес. Бројката од еден починат и 843 заразени од Ковид-19 е незначителна за една држава од 200 милиони жители, што дополнително укажува дека јавноста не е толку транспарентно информирана. Но сепак, според последните инфомации, Русија во последниве 24 часа регистрирала 183 новозаразени, што покажива дека бројката на инфицирани лица од Ковид -19 се зголемила за трипати. Токму овој податок го принуди Путин да и се обрати на нацијата и да нареди зголемување на борбената готовност на руската армија со цел да се провери подготвеноста во услови на пандемијата на коронавирусот.

Но глобалната политика на светските суперсили не гледа само на здравствените, туку и на политичките и економските последици. Инитересите на „големите“ речиси секогаш се насочени на супериорноста и доминацијата во светот. Во услови кога во моментов во светот има три суперсили, тешко е некоја од нив да ги остави работите и да ризикува да ја загуби доминацијата. Тоа најверојатно е и главната причина за воздржаноста на американскиот и рускиот претседател околу коронавирусот. Но потценувањето на овој невидлив непријател Трамп сега го става во една можеби неблагодарна дилема: Дали да ги затвори САД и така да и дозволи на опоравената Кина да ја преземе глобалната доминација, или да ги остави отворени границите и така во САД да влезат голем број новозаболени?

Трамп неодамна изјави дека Соединетите Американски Држави мора да се отворат до Велигден. Доколку се земе сериозно оваа изјава, тоа значи дека САД ќе се отворат на 12 април, кога и католиците годинава го слават Христостовото воскресение. Доколку Трамп ја исполни оваа најава, ќе се потврдат стравувањата на оние кои сметаат дека САД ќе бидат следното жариште на коронавирусот во светот. А доколку не се преземат мерки, тоа би можела наскоро да стане и Русија.

 

The post Моќниците го потценија коронавирусот: Трамп и Путин преку ноќ се соочуваат со рапиден број на заболени во своите држави appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....