3.8 C
Скопје
06:29 - 26 април, 2024

Младите возачи брзо забораваат на главните сообраќајни правила

Сообраќајните незгоди се водечка причина за смртност на лицата на возраст од 15 до 19 години, а втора причина за смртност за лицата на возраст до 25 години кои директно или индиректно учествувале во сообраќајот. Имајки ги предвид наведените факти, со право може да се каже дека сообраќајните незгоди се црната чума на 21 век. Младите возачи пред сè имаат мало возачко искуство и затоа законски одреден период треба да возат во придружба на лице со поголемо возачко искуство. Но, кај нас таа „приказна“ е излитена. Родителите ќе му ги дадат клучевите од возилото на младиот возач, без да размислат дека со тој потег ја загрозуваат неговата и туѓата безбедност, вели експертот по сообраќај Стојан Петковски.

Според него, кај младите возачи постојана е расеаноста додека управуваат со возилото и не се фокусирани на целата „слика“ во сообраќајот.

– Нефокусираноста, расеаноста и невнимателноста го зголемува ризикот кај младиот возач да предизвика сообраќајна незгода. Истражувањата потврдуваат дека младите возачи нејчесто користат мобилен телефон, јадат или му се посветени на радиото. Сето тоа е нефокусирање, а последиците од истото најчесто се фатални. И полицијата вели дека возачите се најзагрозена категорија на учесници во сообраќајот. Тоа е резултат и на фактот што во вечерните и доцните часови, по улиците и магистралите имате возачи со година, две или три возачко искуство, кои возат брзи автомобили со неприлагодена брзина и не само за себе, туку и за другите возачи се опасност. Анализите покажуваат дека во најголем дел од тешките сообраќајки и во тие што има предизвикано само материјална штета учесници се токму младите возачи – тврди Петковски.

Дека младите целосно неспремни и наивно се учесници во голем број сообраќајки говорат и најновите две сообраќајки во кој жртва, повредени и сами учесници во сообраќајките се млади лица. Пред влез во кочанското  село Зрновци, мотоцикл  управуван од В.А.(18) од Зрновци, излетал од патот. По незгодата В.А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош, а со полесни повреди се здобил и сопатникот С.П.(26) од селото Соколарци.

Претходно, битолчанецот О.П загина во тешка сообраќајка несреќа откако со електричен тротинет удрил во патничко возило. МВР информира дека несреќата се случила на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Арон Ароести“ во Битола. Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген туран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј (21) од Битола и електричен тротинет управуван од О.П. (26) од Битола. По незгодата О.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што им подлегнал на повредите.

Од МВР велат дека возачите се најзагрозена категорија на учесници во сообраќајот, но воедно истите генерално се и главните предизвикувачи на незгодите.

Изминатите десет години, според полициските анализи, загинале 735 возачи. 4.048 биле тешко повредени, а 23.640 возачи се здобиле со лесни повреди.

Според анализата на МВР, најзастапени како предизвикувачи на сообраќајки се возачи на патничките возила и тоа 18.341 лице, а на второ место се мотоциклистите. За изминатите 10 години се случиле над 103.000 незгоди или 10.300 илјади незгоди на годишно ниво. Најголем број незгоди се случиле во 2010 година – 12.253 незгоди, а најмалку во 2019 година дури 8.248 незгоди. Околу 40 илјади незгоди се со потешки последици, а останатите 62 отсто се со материјална штета. Што се однесува до изречените глоби, изминатиот период наплатени се вкупно 111.184 казни, најголем број од нив изречени се токму минатата година дури 16.204.

Според РСБСП, статистиката покажува дека младите возачи почесто страдаат во сообраќајни незгоди предизвикани од возење под одвлечено внимание, што значи дека младите повеќе користат мобилен телефон, пишуваат пораки, консумираат храна, го подесуваат радиото, ја следат непосредната околина, прават козметичко средување, односно извршуваат голем број паралелни активности за време на возењето. Дополнително, младите возачи спаѓаат во групата возачи кои најмалку користат безбедносен појас.

„Младите возачи се во голем ризик од поспаност при возење, што е причина за предизвикување на илјадници сообраќајни незгоди секоја година. Младите се најмногу поспани во утринските часови или доцна во ноќта. Затоа, планирајте го своето патување, патувајте подготвени, одморени, правете повеќе паузи и консумирајте повеќе течности додека возете. Никогаш немојте да си препишувате големи цели и не ги преценувајте своите способности и не го потценувајте заморот“, велат од РСБСП.

The post Младите возачи брзо забораваат на главните сообраќајни правила appeared first on Слободен печат.


Младите возачи брзо забораваат на главните сообраќајни правила was first posted on август 4, 2020 at 10:59 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....