Рускиот опозициски блогер Јегор Жуков бил претепан синоќа во Москва, а, според информации од неговите соработници, напаѓачите успеале да избегаат.
Дваесет и двегодишниот Жуков, на кого му се судеше за „екстремизам“ во 2019 година, „беше нападнат во близина на куќата и претепан“, изјавија неговите соработници кои објавија фотографии на млад човек со крв, повредено око и усни.
На Егора Жукова напали и избили возле дома
Publiée par Команда Жукова sur Dimanche 30 août 2020
Според истиот извор, Жуков бил нападнат од две лица кои потоа побегнале. По големите протести на опозицијата во Москва во летото 2019 година, Жуков беше уапсен и обвинет за организирање „масовни немири“, по што граѓанското општество застана во негова одбрана.
Тој беше осуден на три години затвор за „екстремизам“ и му беше забрането да работи веб-страници и интернет платформи, па неговите соработници ги преземаа неговите активности.
The post Млад опозициски блогер претепан во Москва appeared first on Слободен печат.
Млад опозициски блогер претепан во Москва was first posted on август 31, 2020 at 5:31 pm.