23:37 - 8 мај, 2024

МЕЃАШИ: Децата најбезбедни дома и на училиште, но и дискриминирани по повеќе основи!

Според истражувањето на „Меѓаши“ за правата на децата во земјата, заклучокот во врска со нивната безбедност е дека, на скала од 1 до 5, децата во рамки на просекот се чувствуваат безбедни дома (3,16) и на училиште (3,18). Кучињата скитници, кои се движат низ улиците, се една од главните причини што ги прави децата да се чувствуваат небезбедно во своето место на живеење, како и немањето улично осветлување, насилството и преголемиот број автомобили.

На денешниот настан преку онлајн вклучување во живо самите деца кои се и учесници во истражувањето, процентуално дадоа резиме во секоја сфера од животот посебно колку се почитувани нивните права.

Дискриминација

Дури 42,4 отсто од децата се почувствувале дискриминирано во одредена ситуација, а помеѓу најчестите причини за тоа се наведуваат возраста, полот, како и финансиската состојба на семејството.

Децата во истражувањето исто така посочуваат дека најмногу се дискриминирани поради нивниот изглед, телесна тежина и боја на кожа, како и поради местото на живеење, музиката која ја слушаат и стил на облекување.

Скопје, 07 септември 2020 / Фото: Слободен печат.

Училишна средина

Според податоците на истражувањето, најголем дел од децата сметаат дека и децата и возрасните треба повеќе да се едуцираат за детските права. Во истражувањето се наведува дека 69,74 отсто од децата сметаат дека припаѓаат во училиштето, односно дека се почитувани од страна на учениците (66,35 отсто), професорите и другите лица кои работат во училиштето (62,97 отсто) и би се обратиле на наставник/професор или друг возрасен доколку не се чувствуваат безбедно (74,62 отсто).

Значаен дел од децата пак (60,62 отсто),  сметаат дека не се посветува доволно внимание на одржување на хигиената во училиштето, вклучително и на хигиената во тоалетите, поради што некои од децата избегнуваат да ги користат (68,23 отсто).

Само 28,67 отсто од учениците истакнуваат дека во училиштата има рампа за качување со количка,  додека 19,50 отсто дека има асистент кој им помага на децата со попреченост завреме на часовите, се вели во истражувањето.

Здравје и квалитет на живот

Најголем процент од анкетираните деца сметаат дека се хранат здраво (72,47%), доволно спијат (81,91%) и се физички активни (70,36%). На најголем дел од децата (51,88%) секојдневен оброк во училиште им е некој вид на пециво (ѓеврек, бурек/баничка, кифли и слично). Значаен дел од децата секојдневно консумираат брза храна (39,27%), грицки (38,02%) или нешто слатко како чоколадо, бисквит, колаче и слично (42,83%).

Во истражувањето се додава и дека повеќе од половина од децата никогаш не јадат зеленчук, додека повеќе од 1/4 никогаш не јадат ништо додека се во училиште.

Скопје, 07 септември 2020 / Фото: Слободен печат.

– Во текот на јуни и јули спроведовме истражување на ниво на цела Македонија во кое учествуваа група од 30 деца и возрасни, кои беа вклучени во сите фази од истражувањето. Истражувањето е направено по примерок на деца од 12 до 17 годиниод 78 градови и села од сите региони во државата. Испитаниците го споделија нивното мислење и гледиште за тоа дали се почитуваат нивните права во седум повеќе области како – училишна средина, слободно време, здравје и квалитет живот, животна средина, безбедност и сигурност и дискриминација – рече Јорданка Черепналкова-Трајкоска, модераторка и координаторка на СОС телефонот во „Меѓаши“.

The post МЕЃАШИ: Децата најбезбедни дома и на училиште, но и дискриминирани по повеќе основи! appeared first on Слободен печат.


МЕЃАШИ: Децата најбезбедни дома и на училиште, но и дискриминирани по повеќе основи! was first posted on септември 7, 2020 at 2:18 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....