17.8 C
Скопје
02:47 - 20 мај, 2024

Граѓаните со порака до пратениците: Ако можеме ние да одиме на работа во време на зараза, можете и вие г. пратеници!

Во среда на координација, собранискиот спикер Талат Џафери, се очекува пред координаторите на пратеничките групи да го отвори прашањето, Собранието да може да работи и он-лајн. Темата, велат собрански извори, природно ја наметнува новонастанатата ситуација со коронавирусот бидејќи постои ризик, само еден од 120-те пратеници ако се зарази со Ковид-19, на подолг рок, да ја блокира работата на парламенотот.

Претседателот на Собранието неодамна посочи дека треба да се најде решение народните избраници да работат и он-лајн. Од кабинетот на Џафери велат дека засега ова е само идеја за која допрва ќе се дискустира.

Власта и опозицијата имаат спротивни ставови за ова прашање со спротивни ставови.

Според ВМРО-ДПМНЕ, работата на парламентот е невозможна без физичко присуство на пратениците во собраниските клупи. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски за Слободен печат вели дека власта размислува за воведување на електронска работа на Собранието затоа што се плаши дека поради тенкото мнзинство често нема да може да собере кворум за работа Собранието.

– Сметам дека било каков разговор за он-лајн работа на Собранието е надвор од Уставот и Деловникот, бидејќи не е предвидено. Во ситуација кога училиштата и градинките се во подготовики и се на прагот на отворање, не ја гледам целисходноста, прва и основна тема во државта да ни биде он-лајн работата на пратенците. Единствена причина зошто оваа тема е приоритет број еден е поради неможноста власта да обезбеди редовен кворум за нормално функционрање на Собранието, вели Мицевски.

Координаторот на СДСМ Јован Митревски, е дециден дека и еден заболен, било да е пратеник или, пак, вработен во собраниските служби може да ги стави во изолација сите пратеници, односно целото Собрание.

– Единствен начин е он-лајн работата или работа од далечина. Такви примери има во многу земји. За да се спроведе тоа кај нас има неколку можности преку промена на Деловник, времен деловник, одлука за работа во вакви ситуации и слично. Потенцирам, он-лајн работата на Собранието за нас не само што е прифатлива, туку е и нужна – вели Митревски.

И пратеничката на ДОМ, Маја Морачанин, е со став дека Собранието мора да биде подготвено за комплетно он-лајн функционирање. Идејата не е пратениците да си седат дома, туку да се обезбеди функционално Собрание.

– Добро е Собранието да има и таква можност, затоа што прогнозите на здравствените експерти се дека во текот на зимата бројот на заболени од коронавирус може да биде и поголем. Што доколу меѓу пратениците се појави случај на заболен од заразата? Треба да се обезбеди во најмал случај комбинирано функционирање за да не се блокира носењето на законите и важни одлуки. На пример, гласањето на заболениот од ковид-19 да биде он-лајн, или пак на седниците да бидат присутни одреден број на пратеници кои ќе сакаат да дискутираат, а другите да ја следат седницата преку видео врска. Последниот Совет на европските зелени со над 300 делегати требаше да се одржи во Скопје. Сите презентации и панел дискусии, од безбедносно здравствени причини одеа он-лајн. Се помина перфектно, вели Морачанин.

Пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов вели дека е против он-лајн работа на Собранието.

– Тоа е сложена процедура. За да се одржи една собраниска седница треба да се пријавите, па имате реплики, контралреплики, гласање. Додека се стави во функција Собранието да може да функционра он-лајн, конронавирусот ќе заврши, вели Трајанов за Слободен печат.

Одржувањето он-лајн седници не е прифатливо ниту за Алијанса на Албанците, кои на Џафери му порачаа да си ја врши должноста која ја презел бидејќи таков предлог за нив не бил прифатлив.

Низ собраниските кулоари на шега се зборува дека он-лајн работата на Собранието, најмногу ќе им одговара на лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, чиишто присуства во собраниските клупи на годишно ниво можат да се избројат едвај на една рака.

За новата идеја народните избраници да работат он-лајн реагираат и граѓаните преку социјалните мрежи.

„Ако можат текстилните работнички, продавачките, лекарите и останатите граѓани кои ви даваат плата да одат на работа, ќе си одите и вие г-да пратеници“.

„Ако сакате онлајн парламент, ќе ви отвориме канал на јутуб , па ќе ве плаќаме од преглед. Ги имате сите услови за заштита, огромни сали кај што можете да држите дистанца, ќе си носите маски и ќе си работите како сите“.

„Во ништо не треба да бидете повластени. Вие сте наши пратеници, како е за народот, така и за нивните пратеници. Народот ви ги овозможи сите услови, а вашите животи не се повредни од нашите“, се најчестите коментари на социјалните мрежи.

The post Граѓаните со порака до пратениците: Ако можеме ние да одиме на работа во време на зараза, можете и вие г. пратеници! appeared first on Слободен печат.


Граѓаните со порака до пратениците: Ако можеме ние да одиме на работа во време на зараза, можете и вие г. пратеници! was first posted on септември 7, 2020 at 1:07 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....