Не стивнува напнатата ситуација со мигрантите на грчко – турската граница.
Грчката полиција успеала да се одбрани од налетот на мигрантите, кои според одредени проценки долж копнената грчко – турска граница, ги има повеќе од 20.000.
На социјалните мрежи е објавена уште една шокантна снимка, меѓутоа нејзината автентичност не е потврдена.
The evidence is clear. Turkish police are forcing migrants to the borders. Turkey is a rogue state under Sultan Erdogan. h/t @BasedPoland pic.twitter.com/7HqeyfKUSE
— David Vance (@DVATW) March 5, 2020
Како што се тврди, маж во полициска униформа во автобус, наводно мигрантите ги донел до границата со Грција. Потоа го вади пиштолот од футролата, удира еден мигрант и со погрдни зборови го истерува него и останатите од возилото.
Тој цело време им се заканува со пиштолот и во еден момент го репетира и тргнува кон дете кое има околу 5 – 6 години. Детето со наведната глава бега од автобусот, а по него и останатите исплашени патници.
Од грчка страна веќе се појавија наводи дека Турците намерно ги туркаат мигрантите кон нивната земја.
The post Маж во униформа со пиштол ги тера мигрантите да одат во Грција: ШОКАНТНО ВИДЕО од автобус appeared first on Слободен печат.