18.8 C
Скопје
20:13 - 2 мај, 2024

Масовниот убиец во Тајланд бил лут на бабата на неговиот командир

Властите во северниот дел на Тајланд денеска ги враќаат телата на жртвите кај роднините, откако безбедносните сили го убија војникот кој изврши масовно убиство во повеќечасовна опсада на трговски центар, при што загинаа 29, а беа повредени 58 лица.

Војникот прво го убил својот командир во неверојатна трагедија која почна во саботата и заврши во неделата наутро, кога безбедносни сили го застрелаа тешко вооружениот напаѓач на терминалот 21 Корат, во трговскиот центар на аеродромот во Након Ратас.

Убиецот, наредник Јакрапан Тома (31), бил лут на бабата (мајката на сопругата) на неговиот командир поради прашање поврзано со земјиште, соопштија властите.

Бројот на загинати го надмина последниот голем напад на Тајланд во 2015 година во Бангкок, во кој загинаа 20 лица.

Повеќе од илјада луѓе синоќа ги оплакуваа жртвите на градскиот плоштад, а будистичките монаси палеа свеќи и пееја. Многумина од 58-те повредени се во лоша состојба.

The post Масовниот убиец во Тајланд бил лут на бабата на неговиот командир appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....