-1.2 C
Скопје
09:14 - 23 декември, 2024

Марковиќ: Завршија изборите, но не и постизборните пазарења – Теоретски е можно Влада без ДУИ (ВИДЕО)

Завршија изборите, но не и постизборните пазарења. Имаме мала промена кај ДУИ од првичната прилично арогантна позиција диктирана токму од резултатот на изборите. Сметам дека ДУИ и доби и изгуби. Доби затоа што направи голем кам бек од 10 на 15 пратеници. Ги имаат овие пратеници кои може да ги имаат како адут за да одлучат за една или друга страна, но во исто време си ги затворија вратите на други места, изјави професорот Ненад Марковиќ во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

-Алијанса не сака со нив, ВМРО-ДПМНЕ знае дека би му штетела на рејтингот, а СДСМ отворено кажа дека сака да го избегне коалицирањето со нив. Со изјавите на Артан Груби видовме дека почнаа да ги омекнуваат позициите, што значи дека има ретерирање во нивниот став, рече Марковиќ.

-Одамна имам кажано дека Мајскиот договор не чини. Формирањето влада по автоматизам спречува да вие отстраните одредена македонска или албанска партија која можеби има ултра-националистички ставови, има политики кои не одговораат на другите партнери, вели Марковиќ.

-Теоретски е можно Влада без ДУИ. Тоа е сценарио во кое тие ќе изгубат многу. Се засилија информациите дека СДСМ бара од ВМРО-ДПМНЕ која е во коалиција со други партии 3-4 пратеници, така што апсолутно е можно влада без ДУИ.

-Со четирите пратеници од БЕСА и 12 од Алијансата и Алтернатива, доаѓаме до бројка од 16 пратеници и во ситуација сме каде што никој нема да може да тврди дека волјата на албанскиот етникум не е репрезентирана и испочитувана, смета проф. д-р Марковиќ.

Проследете го целиот разговор:

 

The post Марковиќ: Завршија изборите, но не и постизборните пазарења – Теоретски е можно Влада без ДУИ (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Марковиќ: Завршија изборите, но не и постизборните пазарења – Теоретски е можно Влада без ДУИ (ВИДЕО) was first posted on јули 23, 2020 at 9:20 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....