8.8 C
Скопје
13:39 - 22 декември, 2024

Малолетниците без лична карта се исплашија за картичката: Со родител под рака – правец в банка

Присуство на еден родител и извод од матичната книга на родените, ќе бидат доволни за малолетните средношколци што немаат никаков идентификациски документ (лична карта или пасош), да станат корисници на Домашна платежна картичка.  Банкарите велат дека сѐ е јасно прецизирано во владината Уредба, иако граѓаните кои немаат време и нерви да ги читаат сите детали, веќе кренаа паника дека нивните деца ќе останат со празни раце. Дел од нив се исплашија дека ќе мора да вадат лични документи за нивните деца, што во оваа криза не е ни малку лесно, а ни едноставно. Во банките објаснуваат дека се подготвени за сите прашања на клиентите, па ако треба ќе ги повторуваат и по стопати, сѐ со цел никој да не биде изоставен.

Во рамките на третиот сет економски мерки во услови на ковид-19, Владата донесе уредба со која, меѓу другите граѓани, пари добиваат и сите средношколци со навршени 16 години, а кои учат во државните училишта. Паричната помош е 3.000 денари. Најголемиот дел од средношколците, кои вчера ги сретнавме пред банките, велат дека парите добро ќе им дојдат, но има и такви што се откажуваат од овие средства во име на некој кому му се попотребни.

Инаку, според Уредбата, малолетен корисник на Домашна платежна картичка, кој има валиден документ за идентификација (лична карта или пасош), може самостојно да даде согласност и да склучи Договор за картичката и отворање посебна трансакциска сметка без присуство на родител/старател и без нивно евидентирање во својство на законски застапник во банката и тоа е во согласност со Законот за облигациони односи и другите банкарски прописи. Доколку сакаат, граѓаните ќе може да продолжат да ја користат ДПК и по истекот на календарската 2020 година, во согласност со банкарските правила. Домашната платежна картичка е ослободена од плаќање какви било надоместоци и провизии заклучно со 31.12.2020 година.

Со одлуката на Владата за доделување три типа парична поддршка, ваучери за средношколци, студенти и млади лица до 29 години за да се подобри куповната моќ, се опфатени околу 100.000 корисници, а ќе се потрошат околу 12 милиони евра.

За средношколците, но оние што доаѓаат од семејствата каде што вкупните приходи во домаќинството се колку една просечна плата, на истата платежна картичка во септември ќе сигнат уште по 3.000 денари за купување училиштен прибор.

Редарите немоќни за редиците пред банките

Како тргна поделбата на домашните платежни картички, така се појавија редиците пред банките. Бадијала редари, бадијала предупредувања да се држи социјална дистанца, граѓаните не можат без турканици и коментари од зад грб. Секој има нешто да каже, да праша, да се дообјасни. Без потреба се создаваат поголеми групи, а традиционално најгласните, најмалку ги почитуваат препораките.

Во изминативе денови сликата пред филијалите во кои се делат картичките, од аспект на групирањата, не мириса на добро. Банките навистина прават сѐ да ги опслужат клиентите, а се работи и двосменски. Обезбедувачите се нервозни од постојаното повторување дека сите ќе бидат услужени, а постојано опоменуваат дека секој треба да држи растојание. Тие велат дека не знаат веќе што да кажат за да се сфати дека мора да се почитуваат здравствените мерки. Но, и покрај здравствените корона-билтени, навиките тешко се менуваат. Досега се поделени околу 50.000 картички.

 

The post Малолетниците без лична карта се исплашија за картичката: Со родител под рака – правец в банка appeared first on Слободен печат.


Малолетниците без лична карта се исплашија за картичката: Со родител под рака – правец в банка was first posted on јуни 16, 2020 at 12:57 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....