15:39 - 5 декември, 2025

Мали се шансите да нѐ удри овој астероид, но ако нѐ удри, тоа ќе биде како како 150 Хирошими!

Секоја година Земјата ја погодуваат десетици ситни астероиди и тоа не предизвикува никакви проблеми, но поголем астероид би можел да предизвика катаклизмички настани.

Астероидот 2009 ЈФ1 е откриен во 2009 година, а научниците се плашат дека на 6 март 2022 година во 8 часот и 34 минути би можел да биде непријатно блиску до Земјата, пишува thenewstrace.com.

Астероидот се движи со брзина од 18 км во секунда, а се предвидува дека покрај Земјата ќе помине со брзина од 65.293 км/ч. Иако астероидот не е многу голем, во комбинација со брзината со која се движи, неговиот евентуален удар на Земјата би можел да предизвика експлозија еднаква на 230 килотони динамит, односно како 150 атомски бомби кои експлодираа над Хирошима.

Од НАСА појаснуваат дека точната патека на астероидот е тешко да се предвиди бидејќи на неа можат да влијаат бројни фактори. Но сепак нагласуваат дека шансите да ја погоди Земјата се 1:3800 односно 0,026 проценти.

Некои астероиди и комети ги следат орбиталните патеки кои ги носат поблиску до Сонцето, а потоа и до Земјата“, објаснуваат од НАСА.

Токму поради тоа астероидот внимателно се следи во Jet Propulsion Laboratory со помош на автоматизираниот систем Sentry. Тој систем автоматски и континуирано ги скенира најновите каталози на астероидите за да забележи дали некој би бил опасен за Земјата во следните 100 години.

Слични објави

(Фото) Познато е кој ќе ја наследи Ана Винтур во „Вог“: Таа е ќерка на холивудски ѕвезди

Еспресо

(Видео) Славниот рапер уапсен, се шетал по гаќи среде улица: Се конфронтирал со полицијата

apostolova

Вдовицата на покојниот Синиша Михајловиќ од тага со месеци на излегувала од дома, сега со партнерот има топ бизнис!

Еспресо

Итно хоспитализиран: Синот на Шер се предозирал, веќе со години е во пеколот на дрогата

Еспресо

Актерот кој го глумеше Сулејман Величествениот осуден на затвор за случај поврзан со протестите против Ердоган

Еспресо

Бритни Спирс по вторпат раскина со момчето, тој заминал од нејзината вила

Еспресо
Се вчитува....