10.8 C
Скопје
07:32 - 25 април, 2024

Макрон евакуиран, демонстранти се обиделе да влезат во театар кадешто гледал претстава

Триесет демонстранти синоќа се обидоа да влезат во театарот „Буфе ди Норд“ каде францускиот претседател Емануел Макрон гледаше претстава. Но, тие беа спречени од полиција, а Макрон беше евакуиран, јави дописникот на МИА.

Макрон присуствуваше на претставата „Ла Муш“ заедно со сопругата. Откако на Твитер беше најавено присуството на Макрон, пред театарот се пристигнаа демонстрантите кои извикуваа „Сите заедно, генерален штрајк“.

Претседателот Макрон ја измени и својата програма за работа за да се избегнат несакани средби со демонстрантите, а од Елисејската палата се надеваат дека тоа нема да трае долго.

Последниот настан, сведочи за радикализација на демонстрантите против пензиската реформа. Демонстрантите вчера упаднаа во седиштето на реформаторскиот синдикат ЦФДТ, во знак на протест против прифаќањето од синдикатот на пензиите со поени.

Во четвртокот вечерта Марлен Шиапа, државната секретарка за еднаквост меѓу жените и мажите, исто така беше исвиркана од група демонстранти на јавен собир за општинските избори.

The post Макрон евакуиран, демонстранти се обиделе да влезат во театар кадешто гледал претстава appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....